Филм & ТВ

Шон Пен снима документарец за убиениот новинар Кашоги

6. декември 2018 - 9:43 | МИА
Истанбул, 6 декември 2018 (МИА) – Американскиот глумец Шон Пен се наоѓа во Истанбул, каде работи на снимање документарен филм за новинарот Џамал Кашоги.

Актерот, добитник на два „Оскара“, пристигнал пред конзулатот, каде неговата екипа почнала со снимање.

Медиумите пренесуваат видео снимка на која се гледа Пен како разговара со камерманот пред оградата на турската полиција која спречува пристап до конзулатот.

Кашоги во дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Истанбул е убиен на 2 октомври, каде дошол по документи потребни за венчавка со турска државјанка.

Коментирај