Рецепти

Шпагети Карбонара по рецептот на Џејми Оливер

14. ноември 2017 - 9:53 | К.З.

Рецептите на Џејми Оливер секогаш се добар избор за вашиот следен оброк. Овојпат, предлагаме да пробате шпагети Карбонара, приготвени токму според советите на англискиот готвач.

За подготвување на овој рецепт ќе ви бидат потребни само неколку состојки, а остатокот од приготвувањето ќе ви го објасни самиот Џејми Оливер.

Состојки:

80 грама свинско месо (гванцијале или пушена сланина)

1 јајце

Сирење (пармезан или Пекорино Романо)

1 пакетче шпагети

Црн пипер

Лук (по избор)

Подготовка:

Ги ставате шпагетите да се варат. За тоа време го сецкате парчето месо на коцкички. Во тава го ставате исецканото месо. Доколку сакате, во тавата ставете го и парчето лук да се запржи заедно со месото. Ставете една лажичка мелен црн пипер во тавата.

Изматете го јајцето во сад и додадете 20 грама сирење во садот додека матите.

Откако месото ќе се запржи и шпагетите ќе се сварат, ја гасите ринглата и ги ставате шпагетите во тавата каде што е месото. Додајте малку вода од тенџерето каде се вареа шпагетите за да не почнат да се пржат. Откако добро ќе се загреат шпагетите, во истата тава ставете ја и смесата од јајце и сирење. Додадете уште сосем малку вода од тенџерето.

Пријатен апетит!

Коментирај