Шпанецот Едуардо Гурбиндо е новото засилување на Вардар 1961

Скопје, 16 март 2021 (МИА) – Десниот бек на шпанската репрезентација и член на Едуардо Гурбиндо (33) е нов играч на Вардар 1961. Двојниот европски првак и повеќекратен македонски шампион договори засилување што ќе му се приклучи на тимот летово и треба да остане во Скопје во следните три сезони.

Гурбиндо доаѓа од екипата на Нант, Франција со која настапува во Лигата на шампионите. Шпанскиот бек зад себе има богата спортска кариера и ја има освоено и Лигата на шампионите, со тимот на Барселона во сезоната 2014/2015. Тоа беше последен пат кога Шпанците беа победници во ова натпреварување. Како играч на Нант настапи и во финалето на Ф4 турнирот во ЛШ во сезоната 2017/2018 кога во француското финале Нант сепак остана со сребрен медал. Во својата кариера Гурбиндо има настапувано за Портланд Сан Антонио (2003-2007), потоа за Торевиеха (2007-2009), Валјадолид (2009-201) и Барселона (2012-2016). Како млад играч на Портланд Сан Антонио на почетокот од неговата кариера имал шанса да биде дел од тимот што еднаш беше второпласиран, а еднаш третoпласиран во ЛШ. Но, само со настап на некои натпревари во групната фаза. Во Шпанија ги има освојувано и првенството, купот и суперкупот, а во Франција има медал од Купот на Франција. Како дел од репрезентацијата на Шпанија има златен медал од ЕП 2018 година, а сребрен од ЕП 2016 година. Бронзен медал има oд ЕП 2014 и од СП 2011 година. Од 2009 година е дел од националниот тим на Шпанија и има одиграно над 120 натпревари и над 160 голови. Поради повреда не настапи на ЕП 2020 и на СП 2021.

– Со ангажирањето на Гурбиндо продолжуваме со засилувања со кои Вардар 1961 ќе биде уште поконкурентен во следните сезони. Среќни и задоволни сме што Гурбиндо го препознава квалитетот на Вардар1961 и што сака нов предизвик во кој заедно ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати. Губрино ќе донесе освежување во нападот и цврстина во одбраната. Ги цениме неговите квалитети и сигурни сме дека веднаш ќе се вклопи во нашиот систем. Засилувањата што досега ги договори Вардар 1961 ќе им донесат многу радост на навивачите и верувам дека многу брзо сите заедно ќе можеме да ги поздравиме новите играчи. Очекувам со завршување на пандемијата на Ковид-19 повторно да имаме полна сала, и многу нови компании кои ќе го поддржат Вардар1961 во чекорење кон европскиот врв. Верувам дека како што ние ги одржуваме ветувањата за создавање на нов силен Вардар така и нашите компании ќе го одржат ветувањето да бидат наши партнери кон новите успеси, изјави Михајло Михајловски, претседателот на „црвено-црните“.

Тагови
реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Ракомет

Ракометна револуција: Се проширува Лигата на шампионите

Read more

Почина поранешниот селектор Илија Темелковски

Read more

Рубен Гарабаја ќе го предводи Еурофарм Пелистер

Read more

Алкалоид доби германски противник во квалификациите за Европската лига

Read more
 

Спорт

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе