Шпанија го освои ЕУРО, Јамал урна рекорд на Пеле

Фудбалската репрезентација на Шпанија четврти пат во историјата стана европски првак. Шпанија во финалето на ЕУРО 2024 ја победија Англија со 2:1.

По релетивно приспивното прво полувреме, во второто Шпанците тргнаа решително и по само две минути игра преку Нико Вилијамс го постигнаа првиот гол.

„Црвената фурија“ по постигнатиот гол продолжи да го притиска противникот, но Вилијамс, Мората, Јамал не успеаја да го совладаат Пикфорд. Англискиот голман два пати се истакна со одбраните против тинејџерот Јамал.

Англија изедначи од една од ретките вистински акции. Сака го проигра Белнгем, овој му ја остави топката на Палмер, кој од 23 метри го совлада Симон.

Овој резултат стоеше на семафорот до 86.минута кога Шпанија изведе филигрантска акција, Кукуреља асистирше, а Микел Ојрезабал го постигна најзначајниот гол во својата кариера.

До крајот херои на Шпанија стнаа и голманот Симон, односно Олмо, кои во еден напад успеаја да осбранат две опасни топки.

Најдобри во Европа: Родри и Јамал

Фудбалерите на Шпанија во финалето на Европското првенство ја победија Англија со резултат 2:1 и со тоа ја освоија шампионската титула. Напаѓачот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал го постигна решавачкиот гол во 86.минута.

Најдобар фудбалер на турнирот (МВП) е Родри, а најдобар млад фудбалер Ламин Јамал. Ојарзабал им ја донесе конечната победа на Шпанците.

Ова е четврта шампионска титула за Шпанците во нивната историја, со што стнаа апсолутни рекордери.

Никој освен Шпанија не успеа да ја освои титулата без пораз.

Ламин Јамал урна рекорд на легендарниот Пеле

Младиот шпански фудбалер Ламин Јамал собори уште еден рекорд.

Ламин Јамал, постигна гол во полуфиналето и стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства, а сега собори уште еден рекорд.

Тој го започна финалето на ЕУРО 2024, што значи дека стана најмладиот фудбалер кој играл во финале на едно големо натпреварување.

Јамал на тој начин го собори рекордот на легендарниот Пеле, кој во финалето на Светското првенство во 1958 година настапи на возраст од 17 години и 249 дена.

Ламин има 17 години и еден ден.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Read more

Фудбал

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Read more

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Read more

Дали Модриќ останува во Милан? 

Read more

Фудбалер на Верона се степа со навивачите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Читај повеќе

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Читај повеќе

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Читај повеќе

Ѓоковиќ го мина Федерер и постави нов рекорд во историјата на тенисот

Читај повеќе
  • play_arrow

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Читај повеќе

Дали Модриќ останува во Милан? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Фудбалер на Верона се степа со навивачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите

Читај повеќе

НБА објави тројца кандидати за МВП: Јокиќ ја продолжува трката, шок за Дончиќ

Читај повеќе