Шпанија и Португалија бараат ЕУ да овозможи сертификат за вакцинирање

Европската Унија денеска ќе расправа за можноста за воведување сертификат за вакцинирање со цел да се олесни патувањето во рамки на Унијата. Освен Грција, и Шпанија и Португалија бараат ваков сертификат, додека други земји изразија загриженост.

Шпанија бара од Европската Унија и Организацијата за економска соработка и развој да направат сертификат за вакцинација што ќе го олесни патувањето, изјави денеска министерката за надворешни работи, Аранча Гонсалес.

– Сертификатот за вакцинација е нешто кон што неминовно се движиме. Тоа ќе биде многу важен елемент што ќе гарантира безбедно враќање во нормала и движење, изјави Гонсалес за радио станицата RNE.

– Издавањето на таков документ треба да биде координирано на европско или глобално ниво, но тоа ќе им овозможи на луѓето да патуваат, како што сега можат да сторат со негативни тестови за ПЦР, додаде таа.

– Сертификатот за вакцинација, за што се дискутира во ЕУ, треба да дејствува како доказ за безбедноста и да укине одредени барања на внатрешните граници на ЕУ, рече министерот за внатрешни работи на Португалија, Едуарду Кабрита.

На состанокот со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, Кабрита ја оцени како „нов предизвик“ врската со слободно движење во рамките на Шенген зоната на овој вид сертификати, „што треба да дејствува како доказ за безбедноста и да отстрани одредени барања на границите – особено, условот за ПЦР тестови.

Тој рече дека ограничувањата за движење во рамките на Шенген зоната „треба да бидат ограничени на многу специфични ситуации и со заеднички договор меѓу земјите“, наведувајќи го како пример затворањето и последователното повторно отворање на копнената граница меѓу Португалија и Шпанија помеѓу март и јуни.

Предлогот за потврда за вакцинација неодамна го поднесе грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за да се олесни патувањето низ ЕУ.

Ова прашање ќе се дискутира на телеконференција на лидерите на ЕУ подоцна денеска, но некои земји веќе изразија загриженост од таквиот потег.

Франција смета дека е премногу рано да се зборува за таков документ. – Додека не влеземе во фаза на вакцинирање за пошироката јавност, кажувајќи им на луѓето дека нивната активност е ограничена, а притоа пристапот до вакцините не е генерализиран, нема да функционира, рече неодамна државниот секретар за европски прашања Клемен Бон.

Од своја страна, Букурешт го опиша предлогот нешто што ќе предизвика раздор. – Не мислам дека е добра идеја. Мора да има потврда за вакцинација, но мора да се користи од медицински причини, а не за патувања, рече романскиот претседател Клаус Јоханис.

Неодамна СЗО препорача да не се воведува сертификат за вакцинирање додека вакцината не биде еднакво достапна за сите, оквалификувајќи дека таков документ може да придонесе за дискриминација.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе