ФИБА ЕВРОБАСКЕТ ЧЕШКА/ГРУЗИЈА/ИТАЛИЈА/ГЕРМАНИЈА 2022

Шпанија ја победи Франција и се искачи на врвот на кошаркарска Европа

Кошаркарите на Шпанија синоќа ја победија Франција со 88:76 во финалето на ЕвроБаскетот кое се одигра во Берлин, со што дојдоа до својата четврта титула шампиони на Стариот континент.

Шпанците подобро го отворија натпреварот и веднаш на почетокот дојдоа до водство, а веќе после 5 и пол минути имаа предност од 9 поени (14:5).

Со истиот ритам продолжија да ја играат првата четвртина и набрзо дојдоа до двоцифрена предност, а по првите 10 минути игра резултатот гласеше 23:14. Тука не застанаа, напротив, заиграа уште подобро и на почетокот од втрората четвртина дојдоа до голема предност од +19 (35:16).

URL

Шпанците играа, сјајно, имаа и голема поддршка од трибините, но потоа Франција се разбуди, конечно покажа квалитет и со серија од 11:0 пред полувремето се врати во игра намалувајќи на -10(47:37).

По 4 минути во третата четвртина Французите дефинитивно се вратија во игра за пехарот кога со серија 9:2 дојдоа на само -3 поени разлика (49:46). Шпанскиот селектор веднаш викна тајм-аут, ги смири играчите, а тие му вратија со серија од 9:0 (58:46). Гледачите уживаа во навистина сјајна и брза кошарка, а на крајот од третата четвртина Шпанците имаа предност од 66:57.

Во последната четвртина Шпанија го имаше резултатот под контрола и во ниту еден момент не дозволи Франција да се доближи. На крајот дојде до заслужена победа и чеврта титула европски шампион.

Remote video URL

Севкупно, за Шпанија ова е 14-ти медал на Стариот континент, четврто злато, а имаат и 6 сребра и 4 бронзи. Од друга страна, за Франција ова е трето сребро, а имаат и 1 злато од 2013 и 6 бронзи.

Remote video URL

Шпанија на ЕвроБаскетот претрпе само еден пораз, оној изненадувачкиот од Белгија во фазата по групи, а ги победија Бугарија, Груизија, Црна Гора, Турција, Литванија, Финска и во полуфиналето домаќинот Германија.

URL

На крајот најефикасен кај новиот шампион беше Хуанчо Ернангомес со 27 поени, неговиот брат Вили, како и Лоренцо Браун уфрлија по 14 (Браун и 11 асистенции, единствен со дабл-дабл учинок), додека Хаиме Фернандес 13. Кај поразената екипа се истакна Еван Фурние со 23 поени, а Тома Ортел постигна 16.

Во натпреварот за 3. место претходно Германија ја победи Полска со 82:69.

URL
реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе