Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Шпанија со најдобрите патува во Кина

21. август 2019 - 15:28 | Ф.З.

Шпанскиот селектор Серхио Скариоло денес го објави списокот со 12 кошаркари кои ќе ги бранат боите на „црвената фурија“ на Мундобаскетот во Кина.

Од списокот отпаднаа Хаиме Фернандес и Илиман Дјоп со што се дојде до конечната бројка од 12 играчи. Скариоло ќе биде на слатки маки бидејќи нема проблеми со повреди и во Кина ќе го има на располагање најдобриот можен состав.

бекови:
Рики Рубио - Феникс Санс, САД
Кино Колом - Валенсија, Шпанија
Серхио Љуљ - Реал Мадрид, Шпанија
Пау Рибас - Барселона, Шпанија
Руди Фернандес - Реал Мадрид, Шпанија

крила:
Чави Рабаседа - Гран Канарија, Шпанија
Хави Беиран - Гран Канарија, Шпанија
Хуанчо Ернангомес - Денвер Нагетс, САД
Виктор Клавер - Барселона, Шпанија

центри:
Пјер Ориола - Барселона, Шпанија
Марк Гасол - Торонто Репторс, Канада
Вили Ернангомес - Шарлот Хорнетс, САД

Шпанците се во групата Ц заедно со Иран, Порторико и Тунис.

Коментирај