Шпански научници сакаат да докажат дека Кристофер Колумбо бил од Галиција

Шпански научници ја отворија гробницата на свештеник од 15 век и ги ексхумирале неговите коски во обид да ја тестираат теоријата дека Кристофер Колумбо потекнувал од северозападниот шпански регион Галиција, а не од Република Џенова.

Иако се верува дека Колумбо е роден во Италија во 1451 година, некои тврдат дека всушност е роден во Шпанија. Има и такви кои тврда дека бил Португалец.

Тим составен од конзерватори, археолози и форензички антрополози кои работат во црквата Сан Мартин де Собран ја отворија гробницата на аристократ и свештеник кој можеби бил роднина со Колумбо.

Ќе се издвои ДНК од 7 фрагменти на коски ексхумирани од гробницата, а потоа ќе се споредат со примероци земени од останките на Колумбо и остатоци од неговиот брат и од синот. Истражувачите собраа примероци на коски од други цркви од подрачјата за кои се сметаат дека се закопани други можни роднини на Колумбо.

Здружението Galician Columbus, кое ја поддржува теоријата дека Колумбо е Шпанец, а не Италијанец, истакнува дека презимето Колон (шпански за Колумбус) е добро документирано на тоа подрачје. Се претпоставува дека Колумбо може да биде галицискиот витез Педро Алварес де Сутимаиор, познат како Педро Мадруга.

Колумбо починал во шпанскиот град Ваљадолид во Шпанија, 1506 година. Сакал да биде закопан на островот Хиспаниола кој денес го делат Хаити и Доминиканска Република.

Неговите посмртни остатоци се однесени таму во 1542 година, а во Куба се преместени во 1795. Потоа се превезени во Севилја во 1898 година, кога Шпанија ја изгубила Куба по Шпанско-американската војска.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе