Шпански омлет

Нашиот предлог за ваш следен појадок е шпански омлет, вкусно и едноставно јадење кое се подготвува многу брзо.

За подготовка на овој шпански омлет ќе ви бидат потребни само неколку состојки кои се евтини и достапни во вашиот локален маркет.

Состојки:

1 кромид, тенко исечкан

3 компири, тенко исечкани

500 милилитри маслиново масло

6 јајца

прстофат сол

Подготовка:

Загрејте го маслото.

Исечкајте го кромидот на тенки парчиња. Истото направете го и со компирите, пробајте да бидат исечкани на дебелина од околу 3 милиметри.

Ставете го исечканиот зеленчук во тавата со масло и пржете 10-15 минути, додека не се карамелизира. Извадете го зеленчукот и оставете го маслото за подоцна.

Скршете 6 јајца и матете ги. Додадете ги зеленчуците, промешајте, и потоа оставете ги 15-20 минути да отстојат.

Во нелеплива тава пржете ја мешавината на силен оган околу една минута, па потоа на тивок оган продолжете со пржење уште 2-4 минути.

Покријте ја тавата со голема чинија и превртете ја тавата за омлетот да падне во чинијата. Потоа, вратете го омлетот во тавата, овојпат легнат на другата страна, и оставете да се пропржи уште 2-3 минути на тивок оган.

За да проверите дали омлетот е готов, притиснете го со прстот на средината. Ако омлетот полека се врати на површината, значи дека е готов. За да го извадите од тавата, повторно ставете ја чинијата над тавата и превртете ја тавата.

Пријатен апетит!

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе