Шпанскиот крал повика на единство и одбрана на шпанскиот Устав

Мадрид, 25 декември 2019 (МИА) – Шпанскиот крал Фелипе II во своето традиционално обраќање на Бадник синоќа повика на национално единство и на одбрана на шпанскиот Устав.

Во говорот на телевизијата тој од Шпанците побара да ги задржат „заедничките демократски вредности за да се решиме од проблемите, без поделби и конфтронтација, кои го еродираат нашето чуство за хармоничен соживот и ја осиромашуваат нашата иднина“.

Фелипе II ја наведе Каталонија како една од главните пречки со кои Шпанија ќе се соочи во следната година, а покрај неа и на високата невработеност, анксиозноста заради технолошката револуција, како и „патот на Европската унија“, миграцијата, родовата нееднаквост на работните места и климатските промени.

Во Шпанија од 2017 година има политичка криза заради обидот за сецесија на Каталонија. Анкетите покажуваат дека каталонското општество е поделено при прашањето за одвојување од Шпанија.

Кралот е цел на критики на каталонските сепаратисти од својот говор на 3 октомври 2017 година, кога повика да се обезбеди уставниот ред за време на обидот за сецесија на областа. Сепаратистите му забележуваат затоа што не кажал ниту збор против полициското насилство кое го следеше забранетиот референдум за самоопределување на оваа областа, што беше организиран на 1 октомври.

Со шпанскиот Устав од 1987 година во земјата беше вратена демократијата, по четирите децении диктатура на генералот Франсиско Франко.

Фелипе II во 2014 година го презеде престолот откако неговиот татко Хуан Кралос абдицираше од тронот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе