Шпанскиот премиер вети дека ќе ја забрани проституцијата

Шпанскиот премиер Педро Санчез во своето обраќање во јавноста во неделата вети дека ќе ја криминализира проституцијата во земјата, пренесува BBC.

Обраќајќи им се на поддржувачите на крајот од тридневниот конгрес на Социјалистичката партија во Валенсија, Санчез рече дека практиката „ги поробува“ жените.

Проституцијата беше декриминализирана во Шпанија во 1995 година. Во 2016 година, Обединетите Нации проценија дека сексуалната индустрија во земјата генерирала 3,7 милијарди евра.

Истражувањето од 2009 година покажа дека секој трет маж во Шпанија плаќал сексуални услуги барем еднаш.

Меѓутоа, вториот извештај објавен во 2009 година сугерира дека таа бројка може да биде дури 39 проценти, а студијата на ОН во 2011 година ја наведува Шпанија како трет по големина центар за проституција во светот, зад Тајланд и Порторико.

Проституцијата во Шпанија во моментов не е регулирана и нема казни за оние кои нудат платени сексуални услуги по своја волја, сѐ додека не се нудат на јавни места. Меѓутоа, подведувањето или дејствувањето како посредник помеѓу сексуална работничка и потенцијален клиент е нелегално.

Индустријата цвета по нејзината декриминализација и се проценува дека околу триста илјади жени работат како проститутки во Шпанија.

Партијата на премиерот Санчез во својот изборен манифест во 2019 година вети дека ќе ја забрани проституцијата, што се смета за потег за придобивање на повеќе жени гласачи на изборите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Свет

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе