Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4.000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври

Скопје, 31.10.2024 г. – Штедењето од најрана возраст игра клучна улога во градењето финансиска стабилност и одговорно управување со личните финансии. Во октомври, месецот на штедењето, Шпаркасе Банка, заедно со Медо Штедо, го насочи своето внимание кон едукација и подигнување на свесноста кај младите за важноста на оваа практика.

Шпаркасе Банка со гордост објавува дека едуцираше повеќе од 4.000 деца од градинки и училишта низ цела Македонија, вклучувајќи ги во едукативни активности што беа дел од Шпаркасе карванот – серија интерактивни посети, каде што децата учеа за основите на штедењето и за одговорното управување со парите на забавен и лесно разбирлив начин.

Како дел од својата посветеност на финансиската едукација, Шпаркасе Банка ги приспособи своите производи за да ги мотивира децата да почнат со штедење и да ја градат својата финансиска независност. Една од овие понуди е Детски депозит Плус – производ што ги поттикнува најмладите да развијат навика за штедење уште од рана возраст.

Штедењето започнува со минимален влог од 3.000 денари или 50 евра, со можност за дополнителни уплати. Детски депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето, а клиентите можеа да изберат опција што најмногу одговара на нивните потреби.

За штедење во денари, клиентите добиваат:
•    4,0% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
•    4,1% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци

За штедење во евра:
•    3,3% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
•    3,4% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци

Шпаркасе Банка верува дека едукацијата за штедењето е основен чекор кон градење сигурна финансиска иднина. Банката е свесна дека родителите имаат клучна улога во овој процес и со своите понуди и услуги е тука да ги поддржи на секој чекор од нивното финансиско патување.

#ВерувајВоИднината

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Македонија

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Read more

Колку е моќен македонскиот пасош?

Read more

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе