Шпаркасе Банка користи електрична енергија од сопствено производство преку инсталација на фотоволтаични системи

Шпаркасе Банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија што има за цел да го намали негативното влијание врз животната средина, во 2022 г. реализираше значајни проекти што ќе придонесат за подигнување на свесноста за заштита на животната средина и на тој начин даде позитивен пример за вработените, клиентите, соработниците и за целата заедница.

Еден од најзначајните проекти во оваа сфера беше инсталацијата на фотоволтаични системи, најпрво во Централната зграда на Шпаркасе Банка во Скопје. Инсталираните системи се проектирани и димензионирани за производство на електрична енергија преку сончев извор со капацитет до 40 kWh за целиот објект. Годишното производство на електрична енергија добиена од обновливи извори е планирана на 50.000 kWh, а енергијата добиена од фотоволтаичните системи ќе ги задоволи годишните потреби за 10% до 15% електрична енергија во објектот на Шпаркасе Банка.

Добиената енергија од фотоволтаичните системи директно ќе влијае врз заштита на животната средина преку намалување на CO₂ емисија за 23.000 кг/годишно еквивалентно на:

•    Приближно 100.000 км изминати со автомобил 
•    Приближно 700 посадени дрва
•    Приближно 700 км изминати со авион

Шпаркасе Банка АД Скопје во својата стратегија на работење, особено внимание посветува на рационално користење на електричната енергија и управувањето со животната средина. За таа цел во континуитет се работи на воспоставување енергетско ефикасни решенија како и на пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на објектите на Шпаркасе Банка АД Скопје и сопствено користење на енергијата, а со тоа и влијанието врз животната средина.

реклама

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе
  • filter

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе