Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија уште во 2018 година ги препозна предностите и придобивките од финансирањето на проектите за подобрување на енергетската ефикасност во Северна Македонија и генерирање енергетски заштеди на локалниот пазар. Еко-кредитите за унапредување на енергетската ефикасност ги интегрираат придобивките за домаќинствата, добавувачите на енергетско-ефикасни технологии, како и за заштита на животната средина, која е во фокусот на стратегијата за корпоративна општествена одговорност на Шпаркасе Банка Македонија.

„Како пионери во промовирањето на зелената економија сме особено задоволни од досегашната соработка со Европската банка за обнова и развој, како и од постигнатите резултати преку финансирање на проектите за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата, како и за унапредување на конкурентноста на малите и средни компании во Република Северна Македонија. Преку овие програми на ЕБОР, ние препознавме голем потенцијал за создавање енергетски и финансиски заштеди, кои ја подобруваат благосостојбата на нашите сограѓани, но и на македонската економија во целина“ – изјави г-дин Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

„Денес ја имам привилегијата да потврдам дека соработката со ЕБОР продолжува и во наредните години. Македонските домаќинства имаат сигурен партнер за создавање енергетско-ефикасни домови, со имплементација на технолошки напредни решенија и ултимативно, создавање почиста животна средина за сите. Со еко-кредитите реализирани со Програмата за поддршка на финансирање на зелената економија (GEFF), корисниците добиваат не само кредит со одлични услови, туку и можност за грант до дури 20% од износот на инвестицијата“ – изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица. 

Шпаркасе Банка Македонија континуирано и посветено работи на промовирање проекти за заштита на животната средина, како еден од најважните делови од стратегијата за општествена одговорност, која се стреми кон создавање трајни вредности и позитивно влијание врз општеството.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе