Шпаркасе Банка со нова атрактивна понуда за станбен кредит

По повод Саемот на градежништво, Шпаркасе Банка Македонија ја објави новата атрактивна понуда за станбен кредит со поволни фиксни каматни стапки од 3,25% за првите три години и 4,40% за следните две.

За начините на полесно остварување на желбата за нов дом, сите заинтересирани купувачи ќе имаат можност да се информираат за понудата кај претставниците од Шпаркасе Банка Македонија, кои ќе бидат присутни на штандовите на градежните компании. За целото времетраење на Саемот на градежништво, заинтересираните купувачи ќе можат подетално да се информираат и да ги добијат информативните пресметки за понудата на станбениот кредит, кој промотивно Банката го нуди без трошоци за одобрување и без трошоци за процена на имотот во првата година. Производот е со максимален рок на отплата до 30 години.

„Водени од нашата корпоративна стратегија, да бидеме банка на целото семејството и да бидеме нивна континуирана поддршка во сите фази од животот, а во пресрет на овогодишниот Саем на градежништво, креиравме нова атрактивна понуда со поволни фиксни каматни стапки, преку која им овозможуваме на потенцијалните купувачи на недвижности одлична понуда за реализација на плановите за нов дом. Современиот банкарски пристап при креирање финансиски понуди, согласно со потребите и очекувањата на клиентите, е она што секогаш нè води да создаваме вистински вредности, додека со нашето одговорно делување како финансиска институција, да им ги овозможуваме најдобрите услови на клиентите што сакаат да обезбедат нов дом за своето семејство“, изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на секторот Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

Покрај понудата за станбениот кредит, потенцијалните купувачи ќе имаат можност да ги добијат сите потребни информации за наједноставно решавање на нивните финансиски потреби, како и за користење современи и иновативни услуги, кои ќе им овозможат полесна и побрза реализација на банкарските услуги. 

ШпаркасеБанкаМакедонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.  Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од14,4 билиони евра, 2.339 вработени и 239 експозитури опслужува околу 680.700 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе