Шпаркасе Банка воведува нов депозит „Штеден план“ и ги зголемува каматните стапки на денарските депозити

Од 1 јули 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со нов депозит за физички лица – Штеден план, погоден за клиентите кои се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Сите оние што ќе го одберат новиот производ Штеден план, добиваат поволни услови за штедење во денари со гарантирани каматни стапки и можност за дополнителни вложувања. Со овој депозит, клиентите ќе бидат во можност да испланираат определен месечен износ од нивните примања, кој преку траен налог ќе се префрлува на депозитот и на тој начин депонентите континуирано ќе го зголемуваат својот штеден влог. 

Освен со траен налог, дополнителни уплати може да се прават и преку шалтер и преку мобилно и електронско банкарство. Минималниот износ на почетен влог изнесува 6.000 денари, а минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 1.000 денари. Депозитот ќе може да се отвори на рок од 12, 24, 36 и 60 месеци, а каматните стапки се фиксни за целото времетраење на орочениот депозит и достигнуваат и до 1,20% за депозитите на 60 месеци.

Воедно, со почеток од 1 јули, Шпаркасе Банка АД Скопје ги зголемува и каматните стапки на традиционалните денарски депозити на физички лица на 12, 24 и 36 месеци, па така сега фиксната каматна стапка на денарските депозити со рок на орочување на 36 месеци изнесува 1,35%. Дополнителна поволност е воведена за примателите на плата и за депонентите со повисоки износи на депозити, изразена преку стимулативен додаток на каматна стапка.

Истовремено, од 01.07.2022 се продолжува и промотивната продажба на Депозит Прогрес до 30.09.2022, со зголемување на каматните стапки на денарскиот Депозит Прогрес на 36 месеци, така што сега клиентите добиваат просечна годишна каматна стапка од 1,6%.

Промените на каматните стапки се применуваат за сите новоорочени депозити и за постојни депозити по истекот на рокот за орочување, односно на денот на реорочување на секој поединечен влог, почнувајќи од 01.07.2022 година.

Повеќе информации за производот Штеден план и за каматните стапки на депозитите може да се најдат на веб-страницата на Банката sparkasse.mk, во која било експозитура на Банката или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050.

Започнете да штедите во Шпаркасе Банка, дел од австриската групација Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе со повеќе од 200 години традиција во штедење и партнер што знае како вашите заштеди постојано да растат!

реклама

Грците бесни на бојата на новите кошаркари: Ова не е наша репрезентација

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Ален Исламовиќ не се вика Ален, си го сменил името за подобра кариера

Read more

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Бизнис

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

УЈП: Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер

Read more

Волстрит: Nasdaq на највисоко ниво во последните три месеци

Read more

Пад на пазарот на смартфони во Европа

Read more
 

Вести

Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Читај повеќе

Предпремиера на Мakedonissimo на пијанистот Трпчески во струшкото село Збажди

Читај повеќе

Петличковски: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, треба да се подготвувaме за есента

Читај повеќе

На Табановце и на Богородица се чека до еден час

Читај повеќе

Почина еден од стожерите на Катедрата за италијански јазик, проф. Љиљана Узуновиќ

Читај повеќе

Лондонски музеј ќе ѝ врати на Нигерија 72 артефакта украдени во XIX век

Читај повеќе

Прогресивното одданочување останува отворено прашање, од данокот на добивка и на личен доход ќе се соберат 54 милиони евра

Читај повеќе

Фестивалот Браќа Манаки ќе се отвори со филмот „Божјата рака“ на 19 август

Читај повеќе

Потпишан указ за референдум за обединување на регионот Запорожје со Русија

Читај повеќе