Штериев бара дополнителни списи од ЈО, Јовески смета дека некој од колегите може да ја замени Јанева

Скопје, 24 август 2019 (МИА) – Од понеделник, откако ќе се достават дополнителни списи кои недостасуваат, Советот на јавни обвинители ќе решава по извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата за „Рекет“.

Претседателот на Советот Коле Штериев, вчера за МИА информираше дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Извештајот, подготвен од Обвинителството, кое го предводи Вилма Русковска содржи преглед на настаните и преземените дејствија во врска со досегашните мерки за „Рекет“, за кој осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Советот на јавни обвинители треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Од друга страна, претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

Обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“,прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, вчера рече дека има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител но, како што нагласи, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинител. Според неа, СЈО во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање.

Упати апел до политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките. 

реклама

Фитнес експерт до почетници во вежбањето: Учете од моите грешки

Read more

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Read more

Ова се десетте најпаметни трансфери направени летово

Read more

Ни халал, ни кошер: Полска ќе забрани колење животни по верски правила

Read more

Македонија

Променливо облачно со ветер и повремен дожд

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара оставка на РКЕ во Комисијата за финансирање и буџет

Read more

Влада: Помош за компаниите и невработените преку еднаков пристап кон сите

Read more

Влада: Правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности

Read more

Вести

Оштетените штедачи од Еуростандард банка бараат закон за нивно обесштетување

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва погодена од ураган

Читај повеќе

Продолжува судењето за организаторите на 27 април, Талат Џафери повикан како сведок

Читај повеќе

Променливо облачно со ветер и повремен дожд

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара оставка на РКЕ во Комисијата за финансирање и буџет

Читај повеќе

394 нови случаи на коронавирус за 24 часа во БиХ

Читај повеќе

Влада: Помош за компаниите и невработените преку еднаков пристап кон сите

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Ни халал, ни кошер: Полска ќе забрани колење животни по верски правила

Читај повеќе