Штетни ефекти на вакцините: Колку е голема опасноста?

Вакцините се една од алатките кои човекот ги креираше за да се избори против опасните болести, но во последните неколку години кај нас, па и насекаде низ светот, се создаваат групи од луѓе кои сметаат дека тие се штетни. Вакцините имаат контра-ефекти, тоа го знаеме. Но, дали е побезбедно да останете невакцинирани?

Интернетот е преполн со записи и тврдења дека вакцините предизвикале сериозни компликации, аутизам, па дури и смрт кај одредени лица. Точно е, вакцините можат да имаат контра-ефекти, но тие не изгледаат онака како во претходната реченица. Колку е навистина опасно вакцинирањето?

Вашиот имунитетен систем е составен од милијарди клетки кои секојдневно се борат против опасностите кои му се закануваат на вашето тело. Имунитетниот систем се справува со овие напади, а вие воопшто и не го забележувате тоа. Интелигентите клетки во вашето тело собираат информации за опасноста и ги известуваат „војничките клетки“ (антитела), а овие пак буквално се борат против опасноста.

Но, нашиот имунитетен систем не може постојано да се бори против опасностите кои се закануваат, бидејќи така слабее и го оштетува телото. Затоа, при посериозни напади во телото се креираат „мемориски клетки“, кои му помагаат на имунитетниот систем да запамти како изгледа опасноста и со тоа го елиминира ризикот дека во иднина таа ќе му предизвика штета на телото. Кога опасноста ќе нападне по вторпат, мемориските клетки го активираат имунитетниот систем и тој добива информации како точно да се одбрани од заканата. Овој систем на функционирање на телото е толку ефективен, што доколку го преживеете нападот еднаш, тогаш вториот пат телото ќе успее да го елиминира без никаков проблем. Малите бебиња се постојано болни и имаат здравствени компликации токму поради тоа – немаат создадено доволно мемориски клетки.

Вакцините се базирани на овој систем на одбрана, со тоа што ги активираат мемориските клетки без притоа да има присуство на болест. Со тоа, телото создава мемориски клетки и опасноста која досега демнела, повеќе не е опасност. Тие (вакцините) буквално се преправаат дека се опасна инфекција, без да бидат доволно силни за да направат вистинска штета. Обично тие се базирани на вистинска бактериолошка закана, која е лабораториски ослабната за да не го загрози носителот. Повеќето вакцини го штитат телото со години, но има и онакви (вакцина за грип) кои постојано мора да бидат усовршувани бидејќи вирусот константно мутира.

Една од најголемите и најчести закани во светот се морбилите (мали сипаници). Пред 1963 година, кога за првпат беше воведена вакцината како средство за одбрана, секое дете во светот боледуваше од морбили барем еднаш во животот. Некои од нив се спасуваа, а некои од нив, за жал, им подлегнуваа на последиците и умираа. Зборуваме за бројки од 135 милиони заболени од морбили секоја година во текот на 1950-тите. Во 2019 година, морбилите се практично безопасни по живот, благодарение на вакцините и современата медицина.

Поради едукација, еве хипотетички пример базиран на вистински податоци. Замислете дека во една фиктивна земја живеат 10 милиони деца, а ниту едно од нив не е вакцинирано. Како што веќе знаеме, секое од децата ќе боледува од морбили, но што ќе се случи со нив? 9,8 милиони од нив ќе патат од треска и ќе покажат осип на кожата. Околу 800.000 од нив ќе имаат дијареа која е опасна по живот, бидејќи постои голема шанса за дехидрација, а 700.000 од нив ќе страдаат од инфекција на ушите која може да ги оглуви. Отприлика 600.000 од нив ќе заболат од пневмонија, која според статистичките податоци ќе убие околу 12.000 деца. Околу 10.000 деца би добиле енцефалит, а 2.500 од нив ќе бидат подложни на бактериолошки напад на мозокот, кој ќе ги убие неколку години подоцна. Да сумираме: околу 2,5 милиони деца ќе страдаат од сериозни ефекти на морбилите, а околу 20.000 деца ќе се соочат со сигурна смрт. А штетата не застанува тука, бидејќи сите преживеани деца ќе имаат оштетен имунолошки систем и ќе бидат дополнително подложни на опасни болести.

Да ја видиме и другата страна: Што ако сите овие 10 милиони деца беа вакцинирани? Околу милион деца ќе патат од треска, а половина милион ќе покажат осип на кожата. Сто од децата ќе развијат сериозна алергиска реакција која ќе мора да се третира, а 10 деца веројатно ќе добијат воспаление на гениталиите, а исто толку деца би можело да развијат енцефалит. Споредете ги бројките со примерот од погоре.

Гледајте на вакцините како на сигурносен појас од автомобил – можеби нема да ја спречи сообраќајната несреќа, па дури и потенцијалните повреди, но значително го намалува ризикот од смрт. А што ако вашето дете е алергично на вакцини? Тогаш веројатно треба да ја избегне вакцината, но вие мора да го заштитите со тоа што ќе се осигурате дека секој во неговата околина е вакцининиран, бидејќи така детето нема да го префати вирусот. Тоа се нарекува „имунитет на стадо“.

Заклучокот е еден: вакцините, сами по себе, не се опасни. Така вели статистиката, така велат медицинските специјалисти, така вели здравиот разум. Најголемиот дел од луѓето кои се анти-вакцини ги базираат нивните аргументи на дезинформации, анегдоти и теории. А опасноста од промовирањето на анти-ваксингот е голема, не само за нив, туку и за целото општество. Бидејќи тоа резултира во повеќе мртви деца кои можеле да бидат спасени.

Вакцините предизвикуваат еден навистина траен контра-ефект: тие создаваат возрасен човек.

 

Текстот погоре е парафразирање на видеото на Kurzgezagt - "The Side Effects of Vaccines - How High is the Risk?"

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе