Штетни и бесмислени: Најлошите совети за исхрана

Многу совети за исхрана може негативно да се одразат по здравјето, особено кога станува збор за коментари од нестручни лица. Експерти за правилна исхрана и вежбање ги одвоија најчестите и најлоши митови за исхраната и открија што всушност треба да правиме, ако сакаме да ги сочуваме здравјето и добрата форма.

1. Одземање и додавање калории

Намалувањето на килограми и одржувањето на телесната тежина е посложена задача од одземање и додавање калории. Користењето на оваа метода може да доведе до осиромашена исхрана која може да нанесе долгорочна штета на менталното и физичкото здравје.

Подобро е да се фокусирате на изборот на храна која одговара на вашиот тип на тело, која ќе ги балансира хормоните и ќе помогне во согорување на мастите, така што ќе го подобри метаболизмот. Не постои општа форма за избор на намирници и тоа варира од човек до човек, но важно е во исхраната да внесувате протеини, здрави масти и јаглехидрати.

2. Сите шеќери се исти и треба да ги избегнувате

Шеќерот во овошјето значително се разликува од шеќерот во колачите и тортите. Овошјето се разликува од слатките, на телото му дава влакна, витамини, минерали и долготрајно чувство на ситост. Сепак, за балансирана исхрана не треба да претерувате ни со овошјето.

3. Вежбањето ќе ги исправи грешките од нездравата исхрана

Експертите препорачуваат здрава, балансирана исхрана и редовно вежбање. Идејата дека ќе имате тело од соништата само ако вежбате е еден од најголемите митови.

Претераното вежбање поттикнува во телото реакција на стрес, а кога сме преплавени со кортизол и адреналин, потешко оди губењето на килограми. Трудете се да вежбате пет пати неделно по половина час.

4. Брзо враќање на добрата форма со помош на детоксикација

Идејата за губење килограми и добра форма преку детоксикација е многу раширена, но не држи вода. Губењето на маса на почетокот е всушност губење течности, иако ќе почувствувате пораст на енергија, губењето на телесна тежина брзо ќе запре.

Нередовната исхрана е штетна за метаболизмот. Општо правило е дека колку поекстремна акција преземеме толку поекстремна ќе биде и реакцијата. Во пракса, колку побавно се топат килограмите, толку подолго телото ќе остане во форма. Тоа е долготраен процес.

5. Храната рекламирана како диетална или нискокалорична е вистинскиот пат за слабеење

Доколку се обидувате да ослабите или да ја одржувате телесната тежина избегнувајте ја храната истакната како диетална или нискокалорична. Што повеќе треба да се избегнува преработена храна и наместо тоа да се консумира што повеќе свежа храна, смета Џејмс Дуиган, творец на популарната Clean and Lean диета.

6. Исфрлање на јаглехидратите од исхраната

Еден од најлошите митови во последно време, кога станува збор за исхраната, е оној за штетноста на јаглехидратите. Пред сè, не се сите јаглехидрати исти, а како важен извор на енергија на нашето тело му даваат издржливост, концентрација и овозможуваат брзо закрепнување.

Наместо да ги исфрлите од исхраната, јадете житарки и адаптирајте ги во балансирана исхрана со останатите хранливи состојки.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе