Здравје

Штетните честички во воздухот доаѓаат и до неродените бебиња

19. септември 2019 - 11:30 | М.С.

Честички со загадување се пронајдени на феталната страна на постелата што укажува на тоа дека неродените бебиња директно се изложени на јаглерод моноксид и загадувањата во воздухот кои најмногу ги емитираат моторните возила.

Ова истражување покажува дека низ постелата можат да поминат честички кои мајката ги вдишува. На постелите кои биле предмет на истражувања, пронајдени се над илјада штетни честички, а овие мајки не се пушачи. Првиот извештај за можните загадувања додека бебето e сè уште во матката се појави минатата година, а сега оваа претпоставка е потврдена.

Со новото истражување на научниците од Белгија потврдена е врската помеѓу изложување на загадениот воздух и зголемувањето на процентот на спонтан абортус, предвременото раѓање и малата тежина на новороденчињата.

Истражувањето вели дека самите честички можат да бидат причина за проблеми во бременоста, но и потоа.

Оштетувањето на фетусот има доживотни последици, а професорот Тим Наврот од Универзитетот Хаселт во Белгија вели дека ова е најкревкото доба од животот на бебето.

„Сите органски системи се развиваат во тој период. Заради заштита на наредните генерации, мораме да го намалиме загадувањето“, вели Наврот.

Тој истакнува дека одговорноста е подеднаква, како на владите, така и на луѓето. Мора да се најде начин за да се намали загадувањето.

Коментирај