Штип добива стадион за интернационални натпревари

Филип Здравески
/ 15.09.2020 / 19:02

Фудбалската федерација на Македонија го претстави проектот според кој треба да се изгради западната трибина на „Градски“ во Штип.

Благодарение на Hat-trick програмата на УЕФА за развој на фудбалската инфраструктура во земјите во развој, Штип треба да добие нов лик на својот стадион.

Новата западна трибина ќе има капацитет од 2 илјади седишта со ВИП ложа, ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалидитет, додека во подтрибинскиот простор ќе има соблекувални и простории за службени лица. Сето тоа по стандардите на УЕФА и ФИФА.

„Новиот стадион не само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари“, велат од ФФМ.

Досега македонската сениорска фудбалска репрезентација никогаш не играла натпревар, ниту пријателски, во градот под Исарот.

Стадионот веќе има рефлектори, а Брегалница е единствениот клуб во Македонија кој игра натпревари во ноќни термини. За потсетување, се работи за клуб кој се натпреварува во втората лига Исток, значи не е ни прволигаш. Работнички и Вардар играат на арената „Тоше Проески“, имаат услови за играње под рефлектори, но играат во скопскиот попладневен пекол.

Откако ќе заврши изградбата, ќе остане само уште да му се даде нормално име на стадионот, во чест на некој поранешен фудбалер од Штип, или пак фудбалски работник. На пример Градски стадион „Драгослав Шекуларац“, или пак некој друг по избор на штипјани.

Фото: ФФМ

Remote video URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе