Штипска Брегалница ја презема бизнисменот Кирил Гогов

Штип, 8 јули 2019 (МИА) – Успешно е завршена продажбата на 51 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Брегалница, соопшти на денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Сопственикот на ланецот супер маркети „Кит –Го“-Штип и спортски работник Кирил Гогов на јавниот повик единствен пројавил интерес за преземање на фудбалскиот клуб, којшто постои 98 години.

Минатиот месец, на седница на Советот на Општина Штип, 23 советници донесоа едногласна одлука за продажба на 51 отсто од акциите на овој фудаблски клуб.

„Можам да ја поздравам одлуката на сите советници во Совет на Општина Штип коишто ја донесоа едногласно и ме овластија да продолжам во насока на продажба на овој фудбалски клуб со 51 отсто акции коишто ќе бидат продадени на берза. Ја информирам јавноста дека продажбата е успешно завршена. Ние после седницата на Совет на Општина Штип имавме јавен повик на којшто баравме да ги видеме сите заинтересирани субјекти кои ќе сакаат да влезат под тие услови и да бидат сопственици на ФК Брегалница 2008 со поддршка од Општина Штип“, рече Бочварски.

Новиот сопственик на ФК Брегалница, Гогов истакна дека приоритет е враќање на клубот во првата лига.

„Оваа сезона цел ќе биде враќање на Брегалница во првата фудбалска лига, кадешто на Брегалница како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобрите“, додаде Гогов.

Со приватизирањето на Брегалница од буџетот на Општина Штип веќе нема да се трошат околу 200.000 евра, кои се дел од Програмата за спорт. Инаку, финансирањето на овој фудбалски клуб се најде и во ревизорскиот извештај за работата на општината за 2017 година. Ревизорите тогаш забележаа дека немале јасна слика како претходното локално раководство ги трошело парите за овој фудбалски клуб.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе