Штипската градинка „Астибо“ апелира да не се носат деца со симптоми и кои одат на корона-тестирање

Во градинка се носат деца и тоа на денот кога им е закажан тест за коронавирусот. Со вакви несовесни родители сè почесто се судираат вработените во градинките. Директорката на градинката „Астибо“ Билјана Трајчевска вели дека и кај нив има веќе ваков случај, а вработените се револтирани од односот на одреден родител, кој наместо да го остави детето дома, го носи во градинката со што го загрозил здравјето на останатите деца и вработени.

-Апел до родителите – доколку почувствуваат симптоми или одат на тестирање, да ги остават децата дома, а не тој ден  да ги донесуваат во градинка. На овој начин се загрозува и здравјето на остантите деца во групите, но и на вработените, доколку тестот покаже дека родителот е позитивен. Имаме голема бројка на изолирани случаи на вработени во речиси сите објекти на градинката, по различни основи, рече Трајчевска.

Во моментов пет вработени во градинката „Астибо“ од различни профили се позитивни на коронавирусот, четворица се на боледување, четворица се во изолација поради контакт со позитивен член на семејството, а двајца вработени се дома, бидејќи нивните деца се во изолација. Трајчевска вели дека во оваа цела ситуација многу им помага контактот и насоките од епидемиологот од Центарот за јавно здравје-Штип.

Во штипското основно училиште „Ванчо Прќе“ денеска е потврден позитивен тест на наставник на трето одделение. Во изолација заминуваат 16 деца. Наставата ќе ја следат онлајн. Процесот на настава не е загрзоен и во повисоките одделенија, вели за МИА директорот на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Методи Папаров.

Во најголемото училиште во Штип пет наставника од четврто до деветто одделение се во изолација поради контакт со член на семејството кој е позитивен на коронавирусот. Наставниците наставата ја реализираа без проблеми од своите домови. 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе