КУП НА МАКЕДОНИЈА 2019/20

Штипските „Сини“ славеа над Лабуништа во Купот

Последниот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија заврши со минимална победа на Брегалница над Лабуништа.

Единствените две преостанати второлигашки екипи во Купот на Македонија одиграа натпревар под рефлектори на стадионот во Штип засенувајќи ги нивните прволигашки ривали. За разлика од калливите терени на кои од 13 часот играа прволигашите, теренот во Штип дозволи добра игра од двете страни.

Брегалница славеше минимална победа од 1:0 благодарение на голот на Мартин Стојанов шест минути после паузата. Убаво беше проигран во празно избегнувајќи офсајд замка на гостите и успешно го сопвлада голманот Филип Лазаревски.

Гостите од струшко не успеваа да ја пробијат цврстата штипска одбрана, а на другата страна штипјани можеа да постигнат уште некој гол, но не беа прецизни.

Реваншот во Струга, каде Лабуништа настапува како домаќин, ќе се игра на 4 март наредната година кога на програмата се и останатите три четвртфинални натпревари.

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница - Лабуништа 1:0 (0:0)
Стрелци: 51' Мартин Стојанов
Судија: Благојче Ралевски (Битола)

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе