Што ако iPhone беше дизајниран како ретро компјутерите на Apple?

Како би изгледал новиот iPhone доколку Apple наместо да го дизајнира како нов, иновативен уред, го „позајми“ изгледот на легендарниот Macintosh или пак iMac G3?

Барем на прв поглед, 3D рендерите од ваквиот уред ни даваат приказ на визуелно атрактивен телефон инспириран од ретро дизајните на познатите компјутери на Apple, кои се појавија во средината на 80-тите години од минатиот век.

Зад интересните рендери стои дизајнерот FuturePunk, кој сакаше да прикаже колку се изменил начинот на дизајнирање на Apple низ годините. Оваа недела тој покажа неколку нови дизајни, инспирирани од ретро компјутерите и носталгијата за уреди како култниот, заоблен iMac G3.

Иако би било апсолутно непрактивчно да имате телефон кој изгледа како ретро компјутерите на Apple во 2019 година, мора да се признае дека има некоја посебна привлечност во модел базиран на iMac G3, посебно во препознатливата „Bondi“ сина боја.

Овие модели никогаш нема да се најдат во продажба, но можете да уживате во нив преку рендерите и видеото кое го обезбеди FuturePunk.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе