Што ако се омрсите за време на постот?

Андреа Кереш, попозната како вероучителката која пропагира вера на социјалните мрежи, одговори на деновиве најчесто поставуваното прашање - Што ако се омрсам?

Велигденскиот пост, познат уште и како свет пост, годинава започна на 3 март и трае до 19 април. Тоа е најдолгиот и најстрогиот пост во православната традиција, кој верниците го одбележуваат како подготовка за најголемиот христијански празник Велигден.

Велигденскиот пост трае 48 дена, а голем број верници одлучуваат целиот пост да го почитуваат според црковните правила. Меѓутоа, прашањето „што ако се омрсам“ често останува неодговорено.

Андреа Кереш, попозната како verouciteljka на социјалната мрежа Instagram, одговори на ова прашање кое секој од нас барем еднаш си го поставил – Што ако се омрсам?

„Дали треба да продолжам да постам ако се омрсам? Дали треба да станеш кога ќе паднеш? Не е реално сите да постат совршено, ниту пак постои совршен пост затоа што никој од нас не е совршен. Ќе паднеме и надвор од постот и за време на постот, и тоа е човечки. Што ќе правиме кога ќе паднеме? Тоа е вистинското прашање. Дали ќе се откажеме или ќе ја продолжиме борбата? Ако се откажеме, тогаш борбата била залудна, но ако продолжиме веќе сме победници иако претходно сме паднале. Ова што ви го кажувам не треба да го користите за потсвесна манипулација кога сте во искушение да се омрсите со храната или на кој било друг начин, да имате изговор 'човечки е, ќе си каснам па ќе продолжам', затоа што Бог не сака да бидеме лицемерни, туку искрени. Не сака да постиме ако самите не сакаме и не ја разбираме смислата бидејќи на Бога не му е потребен нашиот пост туку нам“, порана вертоучителката на објавеното видео.

„Се разбира дека треба да продолжите (ако веќе сакате да постите), и тоа не 'од утре' или 'од понеделник', туку веднаш. Постот е борба во која учиме да стануваме кога ќе паднеме и никој не очекува да бидеме совршени, туку да го дадеме нашиот моментален максимум. А, кога на тој пат грешиме (за време или надвор од постот), имаме исповед ако искрено се покаеме и сакаме да се промениме. Секако, во зависност од тоа колку и како 'паѓаме', треба да разговараме со свештеникот ако сакаме да се причестиме, бидејќи можеби ќе треба прво да одиме на исповед“, заклучи Андреа.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Живот

Седум играчки кои можe да бидат опасни за вашето куче

Read more

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Read more

Што сè може да јадете на Сицилија за само 1 евро?

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more
 

Магазин

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Читај повеќе

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Читај повеќе

Чиста сметка, долга љубов: Како да буџетирате со партнерот?

Читај повеќе

Дали треба да го лупите зеленчукот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хит намаз од краставица, одличен за со месо

Читај повеќе

Седум играчки кои можe да бидат опасни за вашето куче

Читај повеќе

Кардиолозите откриваат колку минути треба да пешачиме дневно за подобро здравје

Читај повеќе
  • filter

Во Европа се гради град од дрво: Проект од милијарда долари

Читај повеќе

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Читај повеќе