Што ако секој ден пиете вода со сода бикарбона?

Речиси и да нема дом во кој нема сода бикарбона. Поради нејзината широка примена, речиси е незамисливо да се живее без оваа евтина намирница. Покрај тоа што се користи како средство за чистење, одличен сојузник е кога е здравјето во прашање.

Сода бикарбона ќе ви реши многу маки. Ако секое утро пиете чаша вода со пола лажичка сода бикарбона, ќе се изненадите од резултатите. Го препородува организмот, а во прилог се некои од причините зошто е тоа така.

Природен антацид

Една од главните причини за популарноста на оваа природна состојка се нејзините антацидни својства. Водата и сода бикарбоната ја неутрализираат стомачната киселина и на тој начин помагаат во справувањето со рефлукс или горушица. Сода бикарбона растворена во вода го намалува воспалението и формирањето гасови, што брзо ја ублажува состојбата, на пример во случај на варење.

Го алкализира телото

Нашата храна главно произведува киселини, додека киселата средина во телото придонесува за развој на разни болести. Киселоста на телото носи висок ризик од остеопороза, артритис, па дури и рак. Содата идеално ги неутрализира киселините во телото и има алкализирачки ефект.

За да не претерате во алкализирањето на организмот, пијте сода бикарбона во минимални количини или 1 кафена лажичка измешана во чаша вода, но само за една недела последователно консумирање.

Антисептик

Оваа напивка може да се користи за борба против разни вируси и бактерии кои предизвикуваат болести. Сода бикарбона лекува болки во грлото и воспаление на усната шуплина. Постапката е едноставна: гаргара со сода бикарбона измешана во чаша вода.

Лекува инфекции на уринарниот тракт

Лажичка сода бикарбона измешана во чаша вода може да спречи и излечи уринарни инфекции, а сето тоа благодарение на нејзината способност да го намали нивото на киселост во урината. Во овој случај, третманот се спроведува со пиење сода бикарбона и сок од брусница.

Борба против гихт и болести

Зголеменото ниво на уринарна киселина во урината и крвта, како и во ткивата на телото, може да предизвика разни хронични болести, како што се гихт или артритис.

Водата со сода бикарбона создава рамнотежа во крвта, намалувајќи ја уринарната киселина и на тој начин ефикасно помага против овие болести.

Ја зголемува физичката издржливост

Млечната киселина, која се ослободува во нашето тело при физичка активност, може да се акумулира во мускулите и зглобовите, што доведува до чувство на замор. Ако сакате да ја зголемите физичката издржливост, пијте сода бикарбона секое утро. Ќе ви ја даде потребната енергија, а во исто време благотворно ќе ги опушти вашите мускули.

Го регулира нивото на холестерол

Водата со сода бикарбона има моќ да ја исчисти крвта од лошиот холестерол. Меѓутоа, луѓето кои страдаат од хипертензија не треба да пијат сода бикарбона поради високото ниво на натриум.

Како се пие сода бикарбона?

Ако лекувате една од горенаведените болести, пијте сода бикарбона три пати на ден пред јадење со мешање на половина лажичка сода бикарбона во чаша вода.

Ако лекувате симптоми на грип, постапката оди вака:

Прв ден: Измешајте половина лажичка сода бикарбона во чаша вода и пијте ја на секои 3 часа. Вкупно се пие 5 пати на ден

Втор ден: Иста доза, но само 3 пати на ден.

Трет ден: Иста доза, 2 пати на ден, после ручек и после вечера.

Кога ќе стигнете до третиот ден, симптомите на грип целосно ќе исчезнат.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Здравје

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Read more

Дали треба да го лупите зеленчукот?

Read more

Кардиолозите откриваат колку минути треба да пешачиме дневно за подобро здравје

Read more

Како да внесете повеќе магнезиум во вашата исхрана?

Read more
 

Магазин

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Читај повеќе

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Читај повеќе

Чиста сметка, долга љубов: Како да буџетирате со партнерот?

Читај повеќе

Дали треба да го лупите зеленчукот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хит намаз од краставица, одличен за со месо

Читај повеќе

Седум играчки кои можe да бидат опасни за вашето куче

Читај повеќе

Кардиолозите откриваат колку минути треба да пешачиме дневно за подобро здравје

Читај повеќе
  • filter

Во Европа се гради град од дрво: Проект од милијарда долари

Читај повеќе

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Читај повеќе