Што ако Сонцето исчезне цел месец?
Сонцето е најважен извор на светлина и топлина на Земјата. Но, што ќе се случи ако останеме еден месец без Сонцето?
Одговорот на ова прашање го дава видеото на AsapSCIENCE. Колку време ќе биде потребно за луѓето и растенијата да го почувствуваат недостатокот на светлина и топлина? Како тоа ќе влијае на производството на храна?
Што ќе се случи со кислородот и температурите? Без сомнение, би се случиле огромни промени што ќе влијаат на гравитацијата, температурата и целокупниот живот на Земјата.