Љубов и секс

Што бараат силните и независни жени од својот партнер?

10. декември 2019 - 15:12 | М.С.

Силните и независни жени на прво место ги ставаат своите вредности и квалитети, па во склад со своjoт карактер, очекуваат и определени квалитети од својот партнер. Кога конечно ќе дозволат некој да влезе во нивниот живот, сакаат да знаат дека конечно го пронашле својот партнер, кој може да им парира во сè.

Според нив, идеалниот маж треба да ги поседува следните квалитети.

Пристојност

Таа е дама и покрај себе сака да има џентлмен кој ќе ѝ го разубавува денот. Нежноста, внимателноста и пристојноста се сето она што го очекува од партнерот.

Почит

Жените сакаат нивниот партнер да ги почитува, затоа што се свесни дека го заслужуваат тоа. Почитувањето треба да биде основа на секој меѓучовечки однос.

Самостојност

Силните жени држат до себе, до своето време и потреби, а истото го очекуваат и од партнерот. Тие сакаат силен и самостоен маж кој може да им парира во сè и нема да се изгуби во сенката на својата партнерка. 

Искреност

Жената којашто знае што сака во животот, знае колку е важна вистината и како да се држи до неа. Таа од својот партнер бара отворен и искрен однос и не би сакала да има маж кој нема храброст да го каже она што сака и чувствува.

Добра смисла за хумор

Независните жени одлично знаат што значи да се биде под стрес, па затоа бараат некој кој ќе ги насмее и покрај кој ќе заборават на сите грижи и проблеми.

Компромис

Независната жена е свесна дека сите сме различни, но за да опстои врската, неопходно е и двајцата партнери да покажат разбирање и да прават компромис во секојдневните ситуации.

Коментирај