ЛИЧНИ ИСКУСТВА ОД ЧИТАТЕЛКИ

Што бараат жените за да бидат заведени?

Во минатиот текст се осврнавме на тоа како може да го заведувате партнерот цел ден. Сепак бидејќи во една врска (да не речам партнерство) потребно е двете страни да вложуваат, овој пат сакав да позборуваме за она што ни треба нам жените за да бидеме „заведени“.

Општо е „познато“ дека од жена се бара да биде сопруга за пример, домаќинка во кујна и порно ѕвезда во кревет- и супер е ако се пронаоѓате во тоа! Но, на повеќето од нас ни треба по некој стимул за да ги одиграме тие улоги, а тоа особено важи за последната. Нормално е дека не сакаме да се чувствуваме како да сме во една врска само за да задоволиме нечии критериуми и задоволства (а тоа да не се нашите, нели). За таа цел решив да спроведам анкета во некои женски разговори кои ги терам со моите другарки. Ги прашав што е она што ги тера да посакаат секс со нивниот партнер? Што е тоа што тој (свесно или несвесно) го прави за да ги заведе? Не сите од моите другарки се во долгорочни, стабилни врски, но тоа не ни беше критериумот за анкетата. Едноставно сакав да знам што е тоа што ги тера да го посакуваат партнерот одново и одново (или што е тоа што би ги натерале да го пречкртаат).

Најголемиот дел од одговорите се базираа токму на идејата да не бидат третирани како сопруга/домаќинка/порно ѕвезда. Да, има моменти кога и тие улоги ни се во ред, но во секојдневието, она што на мажите би им донело најмногу поени за стигнувањето до кревет е прифаќањето на партнерката како некој од важност, а не само куќна помошничка. Да бидам попрецизна - мнозинството искажаа дека мажот им е најсекси кога ќе го нахрани детето, кога ќе се нафати да направи ручек (макар и полу-успешно), кога ќе знае (точно) да пушти машина, ќе избрише прашина без да го потсетувате за тоа една недела и слично. Што искрено прво ми падна смешно, а потоа ми стана комплетно јасно - преку тие гестови партнерот ги презема наметнатите улоги на сопруга/домаќинка, за вие да имате повеќе мотив да бидете порно ѕвездата понатаму. Или уште поедноставно кажано, тоа се работите кои знаете дека не сака да ги прави (а веројатно ретко кој ужива во перење и чистење), но ги прави затоа што знае дека ако не ги направи- ќе ви останат вам.

Мојот одговор не беше во оваа група, но беше доста блиску. Знам дека еднаш комплетно ја тргнав од листа идејата за секс тој ден, откако после неколку молби да ми пушти бојлер за кога ќе дојдам скапана од работа се истуширам (и потоа се почастиме и двајцата), дојдов дома и најдов празен бојлер и едно „еј, заборавив“. Нити јас истуширана, нити тој виде порно ѕвезда. Но, ова имаше малку повеќе врска со тоа колку партнерот нѐ слуша и она што ни е нам важно - што и всушност беше вториот најчест одговор што го добив од анкетата.

Доколку имаме партнер кој најчесто е отсутен (дали физички или психички) многу е тешко да воспоставиме емотивна конекција со него. Ако на тоа плус ставиме и нервоза од обичните дневни случувања, тогаш емотивната конекција е најчесто комплетно непостоечка.  Често кај жените емотивната поврзаност со партнерот претставува и самата афродизијак (секоја чест на исклучоците), па затоа лесно е да се постави равенката дека емотивното исклучување на партнерката може да ја олади и за во кревет. Навистина не е квантна физика. Веројатно во младоста ве привлекувале оние емотивно недостапни, топло/ладно, лоши момци, но тие не прават добри стабилни партнери (освен ако не го надраснале пубертетот во меѓувреме). А за долгогодишниот партнер да нѐ заведе (цел ден или два), потребно е да ни ја постави и таа емотивна врска. На крајот од денот, сигурно нема да сакате да спиете со некој кој ви мрчел цел ден. Или можеби ќе сакате, само за да престане да мрчи - ама искрено тоа се поинакви мотиви од сексуална привлечност.

Последната група одговори ми беше од другарките кои не се во редовни врски. Кога ги прашав зошто би се навратиле на повремениот партнер беше едноставно - заинтересиран е и за моето задоволство. Мислам дека реално немам што повеќе да објаснам тука. Да знам дека партнерот не е од оние „ќе завршам работа и толку е“, е веројатно првиот критериум кој треба да го исполнува за воопшто да помислам на него повторно.

Еден одговор кој го дадоа сите, без утка, е дека исклучително секси им е кога тој презема иницијатива. Тука можам да додадам дека не стануваше збор само за иницијатива во кревет, туку за каква било иницијатива (дури и правењето полу-успешен ручек што го споменав погоре). Едноставно партнерите им (ми) се секси кога знаат што посакуваат и кога го иницираат на тоа. Ако на ова додадеме дека ние сме тие што ги посакуваат, тогаш јасно е зошто во тие моменти на преземање иницијатива ни се најсекси.

Всушност сѐ се сведува токму на тоа - моментот кога треба да сме финално заведени, едноставно треба да се чувствуваме како да сме посакувани. Истото е и тоа што ние го правиме за нив, во крајна линија. Да, ако има време за подолго заведување, тогаш еден цел ден исполнет со ситни работи кој едниот ги прави за другиот (дали тој да направи ручек за вас, или едноставно ќе ви каже да облечете нешто што го пали) се убава подлога за да покажете дека го посакувате оној спроти вас. Но, финалниот „удар“ секогаш е токму оној дека личноста што ние сексуално ја посакуваме е истата што нѐ посакува нас. И не верувам дека има нешто што е посекси од тоа.     

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Љубов и секс

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more

Како да го разгорите сексуалниот живот откако ќе станете родители?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе