Што би купиле - постар половен автомобил со помалку поминати километри или понов со повеќе?

Една од дилемите на купувачите на половни автомобили.

Дали кога купувате половен автомобил би требало да целите на понов модел, ама повеќе возен, или постар, но со помалку поминати километри? Тоа е вечното прашање, а одговорот е дека работите не се толку едноставни.

Постојат многу фактори кои, заедно со староста и километражата, влијаат на вашата одлука при купување на користен автомобил.

На пример, важно е прво да одредите колку сте подготвени да потрошите за поправки и одржување, каква потрошувачка на гориво е прифатлива за вас и без каква опрема не можете?

Списокот е долг, но не заглавувајте на наведување причини. Има едноставни совети што може да ви помогнат да одлучите кој автомобил е соодветен за вас, вклучувајќи ги и дилемите околу возраста и километражата.

Што всушност може да се смета за мала километража кај постар автомобил? Општо земено, секој автомобил што поминал помалку од 15.000 километри годишно од своето производство, може да се смета за возило со мала километража.

Сепак, важно е повторно да се нагласи дека работите не се толку едноставни. Некои постари автомобили можеби поминале помалку од 5.000 километри годишно, што не значи дека во нив имаат уште стотици илјади километри возење.

Кога купувате постар автомобил, без оглед на неговата километража, важно е да научите што е можно повеќе за историјата на возилото.

Тие просечни 5.000 километри годишно може да значат дека тоа бил втор или трет автомобил во семејството, кој никогаш не бил нешто посебно чуван/одржуван или се возел исклучиво на кратки растојанија, што не е добро за здравјето на автомобилот.

Дури и ако автомобилот „лежел“ подолго време, може да е сосема во ред, сето тоа се сведува на околностите.

Од друга страна, купувањето нов автомобил со повеќе поминати километри има свои предизвици.

Поновите автомобили имаа помалку време нивните сопственици да се однесуваат лошо кон нив, односно да ги запостават, така што често може да се најдат во, на прв поглед, подобра состојба, но тој сјаен слој боја и чиста внатрешност може да крие други проблеми.

Земете, на пример, автомобил стар три години со 60.000 поминати километри. Тоа е автомобил со голема километража, но типичен за некој што патува до работа секој ден.

Ако редовно се одржувал, не би требало да има проблеми. Но, ако промената на маслото не била редовна, тоа може да предизвика значителни механички проблеми кои нема веднаш да излезат на површина.

Клучно е да ја дознаете за историјата на автомобилот кој е во вашата потесна листа. Важно е да откриете како точно се постапувало со автомобилот за време на неговиот живот, што може да биде тешка задача. Сепак, постојат бројни веб-страници кои нудат услуги за проверка на историјата на автомобилот само со внесување на број на шасија.

Друга опција е независен преглед на автомеханичар. Автомеханичарите со задоволство би го прегледале автомобилот што планирате да го купите за минимален надомест. Ова е мала цена што треба да ја платите со оглед на вредноста на набавката што ќе ја направите.

Значи, сè зависи од вас - со дополнителни проверки, и двете опции може да бидат добра набавка.

Какви се вашите искуства?

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе