Што би ни се случило во Маријанската Бразда?

Како човечкото тело би се справило доколку се најде на најдлабоката точка на Земјата, односно Маријанската Бразда?

Маријанската Бразда се наоѓа во западниот дел на Тихиот Океан на околу 200 километри источно од Маријанските Острови. Долга е вкупно 2.550 километри, а широка 69 километри. Најдлабоката точка во браздата е и најдлабока точка на Земјата и изнесува 10.984 метри. Оваа точка се вика Бездната Челинџер.

Најдлабоката точка на планетава е именувана во чест на британскиот брод „HMS Challenger“ чија истражувачка експедиција во периодот 1872-1876 година за прв пат ја открил оваа длабочина.

Притисокот на водата толку длабоко во океанот е преголем, што треба специјално дизајнирани машини за движење во овие води. Првпат луѓе се спуштиле во Челинџер на 23 јануари 1960 година со швајцарско-италијанската подморница „Trieste“. Тоа биле Жак Пикар, син на Огист Пикар, дизајнерот на подморницата, заедно со Дон Волш од американската морнарица.

Во 2012 година во истите длабочини се спушти и холивудскиот режисер Џејмс Камерон со подморницата „Deepsea Challenger“ и тоа беше прв пат во 1960 човек да го повтори тој зафат со оглед на тоа што измеѓу се реализираа спуштања на подморници без екипаж. До денес уште 17 други луѓе се имаат спуштено, од кои шетмина годинава.

Заштитен во специјалните машини, човекот може да преживее и покрај огромниот притисок. Но, што би се случило доколку човек би се нашол на ова дно надвор од подморница? Би умрел за дел од секунда. Притисокот е толку голем што нашите органи инстантно би експлодирале. Притисокот е толку голем што дури и е невозможно да се отвори капакот од поморницата. Доколку по некоја случајност би успеале да го отвориме, водата би навлегла со таков млаз кој би нѐ пресекол како ласер.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе