Кога се оди на патување, убавината е за момент целосно да се вклопите во земјата и да го почувствувате секој нејзин дел. А, храната е многу важен дел на секоја земја.
Ако одите во странство и цело време купувате храна од маркети, правите огромна грешка. Така само ќе го гледате она што е пред вас, а нема вистински да ја почуствувате земјата која ја посетувате.
За целосно да ја спознаете убавината на земјата која ја посетувате, треба да се запознаете со локалните жители, да ја слушнете нивната музика, да прочитате за нивната историја, но најважно, да ја вкусите нивната храна.
Многумина велат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Колку ова е точно, нема да навлегуваме, но она што е интересно е дека во секоја земја традиционалниот појадок е различен. Тоа е една од убавините на патувањата, да пробувате различни оброци.
Ова мало истражување ќе ви даде идеја што може да појадувате во различни земји, земји кои некогаш можеби и ќе ги посетите. Некои делуваат чудно и необично, некои превкусно...