Што би се случило доколку се обединат Северна и Јужна Кореја?
Двете Кореи во блиското минато неколку пати го имаат скршено мразот и заеднички настапувале на културни и спортски манифестации, како на пример Олимпијадите. Но, како би изгледало нивно обединување во една држава?
По капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна во 1945 година дојде до поделба на Кореја на два дела и тоа советски и американски. Преговорите за обединување пропаднаа во 1948, па беа формирани две посебни влади. На северот социјалистичката Демократска Народна Република Кореја, а на југот капиталистичката Република Кореја. Во 1950 година Северот изврши инвазија врз југот, војна која траеше до 1953 кога конечно беше прекината, но без да се потпише мировен договор.