Што би се случило кога не би се туширале една година?

За почеток, би ги изгубиле сите пријатели и би останале без работа, ама листата на непријатни работи е малку подолга.

Во зависност од дневниот распоред и колку сте изморени кога ќе си дојдете дома после работа, најверојатно се туширате најмалку еднаш дневно. Или, барем еднаш во два дена (што е навистина на граница на цивилизацискиот минимум). Доколку редовно вежбате, се туширате можеби и два пати дневно, иако дерматолозите не сметаат дека ова е баш мудар потег, бидејќи ја реметите рамнотежата на кожата.

Но, да видиме што би се случило доколку не би се тушрирале, да речеме… една година?

Би морале да станете отпорни на непријатните телесни мириси

Доколку во тој период од една година сепак ги миете клучните делови на телото, а не се туширате, не би ја оштетиле кожата трајно, но би развиле телесен мирис кој би бил толку ужасен, што ни самите не би можеле да го поднесете.

Би ви се наталожиле мртви клетки од кожата

На површината на кожата ќе се наталожат мртви клетки, па вашата кожа неизбежно ќе стане груба.

Иритациите и осипите би станале ваше секојдневие

Различни типови на кожа различно би реагирале на нечистотијата, но генерално, кога не с еодржува хигиена, кожата почнува да чеша и пече, се јавува непријатен осип, прво на градите, лицето, кожата на главата…

Габични инфекции 

Покрај неизбежниот непријатен мирис, ќе дојде до „дивеење” на бактериите и габите на најразлични места: на препоните, на пазувите, на стапалата….

Би биле поизложени на инфекции од гребнатини

Доколку се изгребете или исечете, таа зона ќе мора моментално да се исчисти, инаку ќе добиете сериозна инфекција.

Без разлика како правеле нашите баби, цивилизацијата напредува. Личната хигиена е важна за здравјето и трудете се да ја одржувате.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе