Што да јадете наутро за да се ослободите од салото на стомакот?

А.С.
/ 12.07.2022 / 10:10

Постојат два типа на луѓе, оние кои размислуваат за појадокот уште пред да заспијат навечер и оние кои мораат да се натераат да јадат нешто наутро.

Без разлика дали сакате да јадете наутро или не, првиот оброк во денот може да ви помогне во целокупното здравје. Постојат хранливи опции кои можат да ви помогнат да ги изгубите мастите од стомакот и да го забавите стареењето.

Овесна каша со овошје, јаткасти плодови и семки

Овесната каша е еден од најздравите појадоци што можете да ги изедете. Овесот е извор на диетални влакна и ви помага да останете сити подолго време. Додавањето јаткасти плодови ќе ја зголеми содржината на протеини, што исто така може да помогне да не се чувствувате гладни подолго време. Протеините, исто така, помагаат да се изградат мускули и да се отстранат мастите од стомакот.

Боровинките и семките од лен ќе ѝ дадат на кашата природна сладост. Лененото семе е богато со омега-3 масни киселини и може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. А боровинките се богати со антиоксиданси, кои можат да помогнат вашата кожа да изгледа подобро.

Јајца или омлет со зеленчук

Јајцата се неверојатен извор на протеини, а омлетот со зеленчук ќе додаде уште еден куп други состојки богати со хранливи материи.

Омлетот со зеленчук е полн со здрави масти и храна богата со антиоксиданси кои ќе се борат против воспаленија. Протеините од јајцата и влакната од зеленчукот ќе ви помогнат да го потиснете апетитот долго време и да спречите прејадување во текот на денот.

Јаткасти плодови или путер од јаткасти плодови

Без разлика дали ќе ги додадете во вашата овесна каша или ќе изберете да намачкате путер од бадем на парче интегрален леб, јаткастите плодови и путерот од јаткасти плодови можат да придонесат за здраво стареење и губење на тежината.

Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е одличен избор за љубителите на јогурт бидејќи содржи повеќе корисни хранливи материи и помалку додаден шеќер. Грчкиот јогурт е богат со протеини, кои прават да се чувствуваме подолго сити. Богат е и со калциум, кој е важен за спречување на стареење и одржување на здравјето на коските.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Фит

Две грешки во исхраната додаваат сантиметри на стомакот

Read more

Кое е најдобро време за вежбање ако целта ви е слабеење?

Read more

Најдоброто месо за билдање мускули

Read more

6 митови и факти за стомачните мускули

Read more
 

Магазин

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Читај повеќе

Две причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Читај повеќе
  • play_arrow

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Времето за неа стои: Клаудија Шифер се врати на модната писта

Читај повеќе

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Читај повеќе

4 совети како детето полесно да се одвикне од цуцла

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои често остануваат во лоши и токсични врски

Читај повеќе

12 причини за лош здив - можe да укажуваат на сериозен здравствен проблем

Читај повеќе

Карактерни особини на мажите кои имаат богат сексуален живот

Читај повеќе