Што да јадете за рамен стомак?

А.С.
/ 30.06.2022 / 15:28

Во сезоната на плажи и одмори сигурно сакате да „фатите боја“ и да го покажете извајаното тело.

Стомакот обично е најтешко да се „израмни“, па дури и да имате мускули, не се познаваат зад стомачето. Со овој план на исхрана за една до две недели ќе успеете да добиете рамен стомак и да ги облечете омилените бикини. Следете го овој план на исхрана и во текот на денот можете да пиете незасладени и негазирани пијалаци. Одбегнувајте алкохол, како и млечни напитоци што не се наведени во дневниот план на исхрана.

Појадок

Овесна каша со една шолја зрнесто овошје (боровинки, малини, рибизли, капини)

или

Две тврдо варени јајца и една шолја зрнесто овошје.

Зошто?

Овесната каша е добар извор на растителни влакна и не содржи дополнителни шеќери. Зрнестото овошје е  богато со витамини и ќе ви даде доза здрави шеќери без чувство на тежина во стомакот.

Ако сакате да го „зголемите влогот“, одберете тврдо варени јајца што ќе ви обезбедат доволно протеини така што нема да помислите на јадење до ужина.

Ужина

1/3 шолја свежи, несолени јаткасти плодови и еден мал портокал или средна мандарина.

или

Шолја стапчиња целер со две лажички путер од кикирики.

Зошто?

И двете комбинации обезбедуваат добра мешавина на растителни влакна, протеини, здрави масти и не предизвикуваат надуеност.

Ручек

Две шолји зелена салата, половина свежа краставица, 10 шери домати, ¼ шолја рендан свеж морков, половина авокадо, едно тврдо варено јајце и една супена лажица несолени семки од сончоглед. Зачинете со лимонов сок.

Зошто?

Оваа комбинација дава доволно протеини, здрави масти и зеленчук што ќе го заштити организмот. Оваа едноставна салата ќе ви даде енергија, а нема да ве подуе.

Попладневна ужина

Шолја неутрална павлака со малку цимет.

или

Шолја парчиња свежа краставица со лимон

Зошто?

Циметот е природен „убиец“ на стрес и одлична замена за шеќер. Павлаката е одлична доза на протеини за овој дел од денот што ќе ве засити до вечера. Ако не сакате млечни производи, краставицата ќе ви обезбеди доволно влакна за да останете сити.

Вечера

150 грама лосос печен во рерна или на скара, спанаќ зачинет со лажица маслиново масло и малку лук, шолја варен зеленчук (морков, тиквички, целер...)

Зошто?

Лососот содржи омега-3 масни киселини што помагаат во согорување на масните наслаги и е одличен извор на здрави протеини. Варениот зеленчук е потребната доза на влакна и витамини што нема да го оптерети организмот како последен оброк во денот.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фит

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more

Војничка диета - ќе видите резултати за три дена

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе