Црниот дроб е орган за чие здравје ретко се размислува, но е невозможно да се живее без него. Тој е одговорен за чистење на токсините од крвта, за производство на жолчката, која игра важна улога во варењето, ја одржува функцијата на згрутчување на крвта и обезбедува енергија.

Проблемите со црниот дроб се во пораст, особено бројот на случаи на неалкохолно замастување на црниот дроб. Исхраната директно влијае на здравјето на црниот дроб, а според нутриционистите, гравот е на врвот на листата на намирници кои го намалуваат ризикот од заболувања на црниот дроб.
„Гравот содржи влакна, протеини, сложени јаглехидрати, антиоксиданси, витамини и минерали. Храната која е извор на сложени јаглехидрати е особено важна за здравјето на црниот дроб бидејќи го поддржува црниот дроб и метаболизмот, помага во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта и е поврзана со намаленото воспаление“, тврди нутриционистот Џинан Бана.
10 најчести симптоми на оштетен црн дроб
Има уште една храна која исто така може да има големо влијание врз здравјето на црниот дроб: ленено семе.
„Лененото семе е една од ретките намирници кои содржат високи количини на антиинфламаторни омега-3 масни киселини, кои можат да бидат корисни за здравјето на црниот дроб“, додава диететичарот Енди Де Сантис.
Покрај тоа, како и гравот, тие се богат извор на влакна.
„Лененото семе содржи голема количина растворливи влакна кои имаат уникатни придобивки за намалување на шеќерот и холестеролот во крвта. Високиот шеќер во крвта и холестеролот се фактори на ризик за заболување на црниот дроб и многу други состојби“, додава Де Сантис и посочува дека семките од лен содржат голема количина на специфичен тип на антиоксиданси наречени полифеноли, кои исто така го поддржуваат здравјето на црниот дроб.
И двајцата експерти повторуваат дека поддршката на црниот дроб не е ограничена само на консумирање на една специфична храна.
„Треба да бидете внимателни со конзумирањето на засладени пијалоци и заситени масти. Намалете го внесот на млечни производи со висока содржина на масти, црвено и преработено месо и воопшто преработена храна“, советуваат тие.
Наместо тоа, забележува Бана, дајте приоритет на храна богата со хранливи материи, вклучувајќи овошје, зеленчук, цели зрна, грав и мешунки, јаткасти плодови и семки.