Што да направите ако ве нападне куче?

На некои улични, па и домашни кучиња не може однапред да им се предвиди однесувањето, така што можат да бидат агресивни или непријателски расположени. Токму затоа е добро да се знаат неколку совети во случај на таква непријатна средба, која може да заврши фатално.

Bright Side на едно место собра неколку совети како да се справите со куче кое сака да ве нападне, од различни причини:

1. Немојте да кревате паника

Се верува дека кучињата и другите животни можат да го намирисаат човечкиот страв. Но, кога пред себе имате страшно куче кое лае и ’ржи, тешко може да останете со студена глава. Ако викате гласно, ги кревате рацете и мавтате со нив или почнете да трчате, може да го провоцирате кучето да ве нападне.

2. Не трчајте, полека одете

Ако сретнете агресивно куче додека трчате, забавете полека и почнете да одете. Свртете кон спротивниот правец од кучето, но продолжете да го гледате. Ако застанете мирно со рацете испружени до телото, кучето ќе го изгуби интересот за вас и ќе се повлече.

3. Не го гледајте во очи

Директниот контакт на очи во очи може да го интензивира агресивното однесување на кучето. Кучето тоа може да го протолкува како закана и за него да стане причина за напад. Имајте го кучето во вид, но избегнувајте директен контакт со него. Со ова ќе му сигнализирате на кучето дека не сте закана.

4. Насочете го неговото внимание со друг предмет

Секој предмет може да биде корисен, фрлете му нешто да џвака, како чевел, шише или нешто од чантата што ја носите. Ова може да му го пренасочи вниманието со што ќе добиете доволно време да си одите.

5. Заповедајте му да си оди

Ако кучето продолжи да се однесува агресивно, соочете се со него, без да го гледате во очи, и наредете му да си оди. Бидете сигурни во себе и полни со самодоверба, со заповеден глас. Најефективни команди се „Не“ и „Бегај, оди си“, со висок тон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе