Што да направите доколку Вашето куче не сака да се вози во автомобил?

Голем дел од кучињата обожуваат да се возат во автомобили, како и да патуваат долги дестинации со своите сопственици, а за други пак, ова претставува трауматично искуство со кое што се соочуваат голем дел на сопственици на популарни раси како Бигл, Мопс, Кокер Шпаниел, Акита Ину, Француски булдог, Лабрадор, Померанец итн!

Доколку вашето куче не сака да се вози во автомобил, тоа не значи дека ситуацијата не може никогаш да се промени, напротив, во оваа статија, ќе прочитате одлични совети кои што во случај да ги искористите во пракса, би им помогнало на вашите кучиња да го надминат стресот!

Утврдете која е причината зошто Вашето куче не сака да се вози во автомобил

Постојат голем број на потенцијални причини кои водат кон тоа вашето куче да не се чувствува пријатно додека се наоѓа во вашиот автомобил, па поради тоа, потребно е да идентификувате од каде произлегува оваа нелагодност.

Најчесто, комплетното одбивање за да вашето куче патува со автомобил може да произлегува од емоционални причини, за кои можеби вие не сте свесни дека кучето ги има веќе подолго време.

На пример, доколку сте го вдомиле кучето, а истото веќе имало претходно семејство, тогаш перцепирањето на патувањето во автомобил може да биде стресно поради фактот што овие животни мислат дека и вие ќе ги напуштите.

Некои животни пак, се напуштани неколку пати што уште од самиот старт ќе ви наложи да вложите поголем напор околу враќање на нивната доверба, како и при отстранување на нивниот страв од патување во автомобил.

Следната причина може да биде поврзана со неудобноста која што би ја чувствувале, нешто слично како и луѓето, бидејќи не секој организам може да одговори добро на долгочасовно патување.

Надминете ги утврдените проблеми

Откако ќе посветите доволно време во правење на анализа околу тоа кои се потенцијалните причини зошто вашето куче/кучиња одбива/ат да патуваат, следниот чекор би бил да работите кон надминување на проблемите.

Одличен совет би бил да не избрзувате ништо, туку да ги проследите следниве совети, бидејќи тие ќе ви помогнат кон тоа конечно да го елиминирате стравот и неудобноста на вашите кучиња при патување во автомобил.

Употребете го безбедносниот појас

Главната  намена на безбедносниот појас е да го заштити возачот, како и патниците во возилото, а имајќи го предвид фактот што вашите кучиња се исто така патници, употребата на појасот може да понуди и неколку бенефити.

Имено, при возење, кучето може да биде доста хиперактивно, односно, да се движи постојано поради големата љубопитност за да набљудува се што се случува во окружувањето, а тоа пак, кај кучињата може да се одрази навистина негативно.

Неретко се случува тие да имаат тегоби при патување, нешто слично како и луѓето, а доколку ги “заврзете” со безбедносниот појас, положбата во која што тие имаат лимитирано движење може да се покаже како клучна кон подобрување на целокупното возење.

Воедно, тегобите при патување кај кучињата се манифестираат преку: летаргично однесување, квичење, повраќање, постојано прозевање, и тн, па, доколку ги воочите овие индикатори, тогаш направете промена од претходното со следното патување.

Прошетајте го кучето до омилените дестинации

Нашите домашни миленици, односно кучињата, често го поистоветуваат патувањето во автомобил со трауматични места (за нив), како што се ветеринари и слично, но, постојат извонредни решенија кои би им помогнале на вашите кучиња при справување со овој страв.

Во наредните неколку патувања, пробајте да го наградите кучето со омилената храна за самото влегување во автомобилот, а потоа, потрудете се да го однесете на места кои му/и се омилени како на пример - паркови.

Откако ќе го сторите тоа, кучето ќе го совлада стравот при патување во автомобил, и многу ретко, или речиси потполно ќе престане да го асоцира ова искуство со потенцијална посета на ветеринар.

Привикнувајте го кучето постепено 

Една од најголемите грешки кои што многу сопственици ја прават е тоа што не посветуваат доволно внимание кон чувствата на својот миленик, туку напротив, и покрај негодувањата од страна на кучето, тие сепак се одлучуваат за патување во автомобил.

Постојат многубројни начини на кои што би го привикнале, а воедно и истренирале кучето за да подобро се справи со патувањето во автомобил.

На пример, застанувајте од време на време, и направете мини прошетка се со цел кучето да може да се запознае со надворешниот свет, а потоа, повторно сместете го во автомобилот и продолжете со патување.

На овој начин, вие ќе го истренирате кучето подобро да се справи со затворениот простор во автомобилот, а ова со сигурност ќе Ви оди во прилог и вам, и на вашиот миленик.

Направете комфорно окружување за вашите кучиња

Не мора веднаш да започнете со возење на автомобилот, туку напротив, оставете го истиот да работи некое време, а додека возилото работи, погалете го вашето куче, или дајте му парче од омилената храна или грицки.

Потребни се само неколку минути комплетно да му се посветите на кучето, а тоа може да вклучи и понесување на омилените играчки со кои вашето куче би се забавувало.

Потоа, тргнете кон посакуваната дестинација, а на долг рок, целосната психолошка бариера со која што се соочува кучето би поминала без никаков проблем.

За крај, запомнете дека најважното нешто кое што можете да му ги понудите на вашето куче е довербата, како и континуираната работа без воопшто да притискате кон решавање на овој проблем.

Бидете умерени, и воспоставете ги гореспоменатите совети во пракса, а тоа ќе ви помогне и на вам, но, и на вашето куче за подобро да се справи со одбивноста кон патувањето со автомобил!

*Промотивен текст

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе