Што да направите кога некој зема заслуга за вашите постигнувања на работа?

Имавте добитна идеја за вашата компанија и пофалби стигнуваат од сите страни, но не и на ваша адреса.

Тенка е линијата меѓу опасноста да делувате како колега кој не сака да биде тимски играч и добивање на признанието што го заслужувате.

Денес, фокусот на работното место се става на тимското работење и соработувањето, но исто така живееме во култура во која мора да се истакнувате, инаку ќе се претопите во позадината.

Веќе зборувавме за тоа зошто не добивате унапредување на работа, а овојпат ќе анализираме како да постапите во случај кога вашиот труд не само што не е вреднуван, туку заслугата и признанието одат кај некој колега, шефот или изостануваат воопшто.

Добивањето пофалба или признание на работното место е важен дел од утврдувањето на вашата вредност и согласно тоа вашето напредување во компанијата, но ако постојано барате признанија, тоа може да ви се удри од глава и да оставите впечаток на „ловец на трофеи“.

Кога заслугите ги зема шефот

Една од карактеристиките на добар шеф е способноста да оддаде признание и пофалба на вистинското место во вистинско време, за вистинската работа.

Најдобрите лидери се оние кои велат: „Мојот тим го направи ова“ или „Некој од мојот тим ја доби идејата и ја спроведовме“. Вистинскиот лидер им дозволува и овозможува на другите да се издигнуваат.

Но, тоа не се случува секогаш.

Ако вашиот шеф редовно ги зема заслугите за вашата добро завршена работа или брилијантна идеја, вашето решение е да набавите писмени докази за тоа од каде потекнала и како „патувала“ идејата. Потрудете се размената на информации и извештаи да оди по пишан или електронски пат, за да имате „црно на бело“. Ако имате состаноци „еден на еден“ со шефот, потоа пратете му мејл во кој потсетувате што се разговарало, а потоа побарајте потврда и некаква консултација или слично.

Ако се одлучите да се соочите директно со шефот, одбегнете директни обвинувања и не заборавајте дека најважен е тимот.

Исто така, сфатете дека понекогаш има смисла шефот да преземе водство и да ги презентира идеите и проектите.

Што кога станува збор за колега?

Имате многу повеќе простор да се наметнете кога станува збор за колега кој ги жнее вашите успеси, но сепак внимавајте да не бидете нечувствителни, нападни или едноставно „тужибаби“.

Можете да си дозволите да бидете поагресивни бидејќи соодносот на моќ не е ист како со шефот.

Што да направите? Одбегнувајте да споделувате идеи во приватни ситуации (ќе биде вашиот збор против неговиот/нејзиниот) и како и во претходниот случај, документирајте сѐ што можете.

Ако сметате дека сте биле запоставени во оддавањето заслуги во групни проекти, не пишувајте гневен мејл со содржина „јас го направив ова, ова и ова“, туку упатете го мејлот на сите засегнати и искажете благодарност за соработката, дека уживавте во тимската работа и дека се гордеете со тимот.

Бирајте ги битките

Внимавајте кога, како и колку често барате признание за вашиот труд.

Пред да побарате заслуга за идејата, прашајте се колку добивањето на идејата било резултат на претходна тимска работа и брејнсторминг.

Исто така, дали признанијата доаѓаат со некаков бенефит – бонус, покачување на плата, унапредување? Ако тоа што не добивате признанија ве уназадува во работата и ве прави да се чувствувате помалку вредни, реагирајте. Во спротивно, може само да оставите впечаток дека сте алчни и колекционери на пофалби.

Поставете позитивен пример

„Бидете промената што сакате да ја видите во светот“, рекол мудриот Ганди. Поставете позитивен пример со тоа што вие ќе им честитате на колегите или шефовите, ќе ги пофалите јавно, ќе го нагласите нивниот придонес.

Со тоа покажувате големина, скромност и доблесност и создавате атмосфера и средина во која охрабрувањата се добредојдени, а пофалбите навистина значат нешто.

Ќе бидете почитувани од колегите и вреднувани од шефовите.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Живот

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Read more

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Read more

Кога родителите треба да престанат да се бањаат со децата?

Read more

Дали и вие го фрлате најздравиот дел од јагодите?

Read more
 

Магазин

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе