Живот

Што да правите пред пијачка вечерва?

19. мај 2017 - 13:27 | Л.Е.

Ако ви е во план прописно да се одморите од неделава прочитајте што советуваат нутриционистите со цел да не зажалите за одлуката наредниот ден.

Пијте зелен чај преку ден за да се подготвите за лудата вечер.

Пред да излезете напијте се голема чаша вода. Алкохолот дехидрира затоа напијте се и две чаши вода ако можете.

Каснете нешто. Добро најадете се, а не само да грицнете. Јадете храна полна со здрави маснотии кои подолго ќе се задржат во организмот па алкохолот побавно ќе делува.

Доколку премногу се брзате и сте нетрпеливи да ги сретнете пријателите нарачајте си бадеми или маслинки со пијалокот.

За да немате лош здив секогаш нарачувајте пијалок со свежо цитрусно овошје. Ем освежува, ем го штити вашиот здив.

Не почнувајте со пиење веднаш по работа. Нивото на ензими кои го преработуваат алкохолот е најниско преку ден, а највисоко навечер.

Коментирај