Според новото истражување, доколку сакате да согорите повеќе калории – половина час пред тренингот треба да испиете шолја кафе.

Во истражувањето учествуваа 15 помлади мажи и научниците заклучија дека 3 мг кофеин по килограм од телесната тежина го забрзуваат согорувањето на масти во текот на вежбањето, пишува Medical News Today.
Сепак, научниците на здравите луѓе им препорачуваат да не внесуваат повеќе од 400 мг кофеин дневно т.е повеќе од 4 или 5 шолји.
Истражувањата покажаа дека кофеинот може да ви даде поголема сила и да ви помогне да стекнете кондиција.

Но, треба да се напомене дека со оглед на тоа дека се работи за студија со релативно мал број на испитаници, па затоа е рано да се донесе конечен заклучок, но јасно е дека кафето помага за да согорите повеќе калории.
Треба да знаете дека прекумерното консумирање на кофеин може да има негативни последици како што се забрзан пулс, мачнина, главоболка, несоница.