Што договорија Русите и Американците во Ријад?

Разговорите на високо ниво меѓу руските и американските делегации завршија, а состанокот траеше околу 4,5 часа.

„Соединетите Американски Држави сакаат да го запрат убивањето и ја користат својата моќ во светот за да ги обединат земјите“, изјави портпаролката на Стејт департментот на САД, Теми Брус, во резимето на разговорите.

Таа додаде дека претседателот Доналд Трамп е единствениот лидер во светот кој би можел да ги натера Украина и Русија да се согласат околу тоа.

За време на разговорите, како што рече, американските и руските претставници се договорија:

  1. Да усвојат механизам за консултации за да се решат иритантите во билатералните односи со цел преземање на потребните чекори за нормализација на работата на дипломатските мисии.
  2. Да именуваат соодветни високи тимови кои ќе почнат да работат на патот кон завршување на конфликтот во Украина што е можно поскоро на начин кој е траен, одржлив и прифатлив за сите страни.
  3. Да ги постават темелите за идна соработка по прашања од заеднички геополитички интерес и историски економски и инвестициски можности кои ќе произлезат од успешното завршување на конфликтот во Украина.
  4. Да останат вклучени за да осигураат дека процесот напредува навремено и продуктивно.

Не е јасно на кого мислат под „иританти“, но некои веќе посомневаа дека се работи за европски и украински претставници.

Коментирајќи го телефонскиот повик на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела, Брус изјави:

„Еден телефонски повик проследен со еден состанок не е доволен за да се воспостави траен мир. Мораме да преземеме акција, и денес направивме важен чекор напред“, рече Брус.

Во соопштението се тврди дека „Трамп сака да го запре убивањето; Соединетите Американски Држави сакаат мир и ја користат својата моќ во светот за да ги обединат земјите. Претседателот Трамп е единствениот лидер во светот кој може да ги натера Украина и Русија да се согласат околу тоа“.

„Страните кои учествуваа на денешните состаноци се обврзаа дека ќе останат ангажирани за да осигураат дека процесот напредува навремено и продуктивно“, се наведува во соопштението.

Американците исто така ѝ се заблагодарија на Саудиска Арабија што беше домаќин на овие разговори.

реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Свет

Белата куќа: Трамп е многу фрустриран и од Русија и од Украина

Read more

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

Read more

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележани се мали цунами бранови

Read more

Убиецот на Чарли Кирк за прв пат се појави пред суд

Read more
 

Вести

Двајца млади скопјани најдени починати

Читај повеќе

Откриена група што организирала нелегални игри на среќа во Скопје

Читај повеќе

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено

Читај повеќе

Кривична пријава против 7 лица од Струмица поради Загрозување на животната средина со отпад

Читај повеќе

Белата куќа: Трамп е многу фрустриран и од Русија и од Украина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Лицата со аутизам и даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје

Читај повеќе

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: МакедонијаСпасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира

Читај повеќе