Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Точната причина за вчерашната разорна и смртоносна експлозија во Бејрут уште не е позната. Се знае само дека на местото на експлозијата имало складирано амониум нитрат.

Станува збор за соединение кое низ изминативе децении било докажана причина за индустриски експлозии. Амониум нитратот е во форма на кристали, нема мирис и најчесто се користи како вештачко ѓубриво.

Но, амониум нитрат се употребува за правење на експлозиви, полнење на гранати и др. Исто така тој се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите. Формулата за амониум нитрат е NH4NO3 и тој не се продава како таков на пазарот бидејки со него се прават експлозиви.

Индустриското производство на амониум нитрат се добива од киселинско-базна хемиска реакција на амонијак со азотна киселина:

HNO3(aq) + NH3(g) → NH4NO3(aq)

Реакцијата е бурна и мошне егзотермна. Откако ќе настане растворот, обично со концентрација од околу 83%, вишокот вода испарува и се добива раствор од амониум нитрат со концентрација од 95% до 99,9%, зависно од чистотата.

Амониум нитрат исто така може да се добие и со раствори на амониумски и нитратни соли:

(NH4)2SO4 + 2 NaNO3 → Na2SO4 + 2 NH4NO3

Ca(NO3)2 + 2 NH3 + CO2 + H2O → 2 NH4NO3 + CaCO3

Амониум нитрат не остава талог кога се загрева:

NH4NO3 → N2O + 2H2O

Амониум нитрат се создава во атмосферата од испуштање на NO, SO, и NH3, и е секундарен компонент на ПМ10 честичките.

Амониум нитратот сам по себе не е експлозив, но формира експлозивни соединенија со различни својства кога се комбинира со примарни експлозиви како азиди или со горива како алуминиумска прашина (танерит) или со течно гориво како нафта (ANFO).

Мешавина со течни горива

ANFO е мешавина од 94% амониум нитрат ("AN") и 6% мазут (fuel oil = "FO") широко употребувано како индустриски експлозив. Се користи во рударството (рудници за ископи на јаглен и метал), во каменоломи и градежништвото. Негови предности во однос на други конвенционални експлозиви се водоотпорност, баланс на кислород, висока брзина на детонација и перформанси на помали дијаметри.

Влијание врз здравјето

Амониум нитратот сам за себе не е многу штетен за здравјето и честопати се користи како ѓубриво. Тој има LD50 of 2217 mg/kg, што за споредба е околу тве третини од готварската сол.

Ракување, складирање и безбедност

Загревање или негово палење може да предизвика силен оган или експлозија. Амониум нитратот реагира со гориво и редуцирачки материјали бидејќи е силен оксиданс. Иако главно се користи за ѓубриво, може да се користи за експлозиви. Се користи и да се модифицира степенот на детонација на некои други експлозиви како тринитротолуен во форма на аматол.

Постојат бројни безбедносни мерки за тоа како се ракува и се складира амониум нитрат. Не треба да се чува близу до согорувачки супстанции. Не е компатибилен со некои супстанции како хлорати, минерални киселини и метални сулфиди што може да доведе до енергични или дури и насилни разградувања.

Амониум нитратот има критична релативна влажност од 59,4%, над која ќе апсорбира влага од атмосферата. Затоа, важно е да се чува во цврсто затворен контејнер. Амониум нитратот може да собере доволно влага до претворање во течна состојба. Мешањето на амониум нитратот со други ѓубрива може да му ја намали критичната релативна влажност.

Џејми Оксли, професорка по хемија на Универзитетот на Род Ајленд, за AFP изјави дека во нормални услови на складирање и без многу голема топлина, тешко е да се запали амониум нитрат.

„Ако ја погледнете снимката од експлозијата во Бејрут ќе видите црн и црвен чад. Тоа е непотполна реакција. Претпоставувам дека се случила мала експлозија која предизвикала реакција на амониум нитратот. Дали малата експлозија била случајна или намерна, не знам“, рече таа.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе