Што е Аткинсова диета и дали има несакани ефекти?

А.С.
/ 24.11.2021 / 12:29

Аткинсовата диета е една од попознатите диети која вклучува намален внес на јаглехидрати и зголемен внес на масти и протеини. Луѓето кои се одлучуваат за оваа диета сакаат брзо да ослабат.

Оваа диета е смислена во 1960 година од кардиологот Роберт К. Аткинс, кој верувал дека јаглехидратите негативно влијаат на здравјето и дека дебелеат. Постојат многу студии за ефективноста и придобивките од оваа диета, како и за несаканите ефекти и негативните работи кои овој тип на исхрана ги носи.

Што е Аткинсова диета?

Поделена е на неколку фази, а главната цел е слабеење. Покрај тоа, поборниците на диетата сметаат дека оваа диета може да го подобри здравјето, да го зголеми нивото на енергија и да го намали крвниот притисок. Тие исто така веруваат дека премногу јаглехидрати, како што се шеќерот или белото брашно, може негативно да влијаат на проблемите со срцето, проблеми со нивото на шеќер во крвта и на крајот да доведат до зголемување на телесната тежина. Со Аткинс диетата не е потребно дополнително вежбање, но секојдневното вежбање може да помогне при слабеењето. Луѓето кои ќе се одлучат за Аткинсовата диета ќе воведат и нови навики во исхраната.

Фази на Аткинсовата диета

Аткинсовата диета вклучува броење на јаглехидратите кои се внесуваат во телото и нивно намалување. Оваа диета има четири фази:

Фаза 1

Првата фаза е и најтешка. Тука е неопходно да се елиминираат речиси сите јаглехидрати, односно дневно може да се консумираат помалку од 20 грама јаглехидрати. Оваа фаза всушност е слична на кетоза и трае две недели, во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите. Не треба да се консумира алкохол, како и какви било слатки и десерти, леб, тестенини, повеќето овошја и јаткасти плодови. Се препорачува да се пијат околу осум чаши вода дневно.

Покрај 20 грама јаглени хидрати, што всушност е верзија на диетата Аткинс 20, постои и Аткинс 40 диета, во која првично се внесуваат 40 грама јаглехидрати и има многу порелаксирани правила и дозволено е да консумираат повеќе различни намирници.

Фаза 2

Втората фаза е продолжение на првата, но постепено се воведуваат одредени намирници како што се одредени овошја и зеленчуци и јаткасти плодови.

Фаза 3

Овде се додаваат јаглехидрати, а оваа фаза трае додека личноста не ја достигне саканата тежина.

Фаза 4

Последната фаза е всушност доживотна фаза, која вклучува конзумирање на која било количина на јаглени хидрати, додека не се види зголемувањето на телесната тежина.

Која храна треба да се консумира со Аткинсовата диета?

Сите намирници богати со протеини, како и храната богата со масти се добар избор.

Тие вклучуваат:

- месо

- масна риба и морски плодови

- јајца

- одредени зеленчуци со малку јаглехидрати (кељ, спанаќ, брокула, аспарагус)

- млечни производи како путер, сирење, јогурт

- во втората фаза јаткасти плодови и семиња

- здрави масти - екстра девствено маслиново масло, кокосово масло, авокадо

- од пијалоци може да се внесува вода, кафе и зелен чај.

Која храна не треба да се консумира во Аткинсовата диета?

Треба да се одбегнуваат шеќерот и белото брашно, но и одредени овошја, зеленчук и мешунки. Тие вклучуваат:

- сокови, колачи, слатки, чоколади, пекарски производи,…

- зеленчук како моркови, овошје како банани, јаболка, портокали, круши и грозје

- компири, чипс и сладок компир

- мешунки

Дали е ефикасна Аткинсовата диета?

Со оваа диета во првите две недели од фазата 1 може да се симнат до седум килограми, а слабеењето продолжува низ фазите 2 и 3, доколку се почитуваат упатствата. Се верува дека слабеењето настанува поради намалениот внес на јаглехидрати, кои инаку зафаќаат голем дел од оброкот. Исто така, храната богата со протеини и масти ќе обезбеди подолго чувство на ситост и нема да има потреба да земате друга храна и дополнителни калории за да го задоволите гладот.

Дали има негативни страни на Аткинсовата диета?

Од друга страна, Аткинсовата диета има и одредени недостатоци и несакани ефекти. Најпрво, можно е да има познат јо-јо ефект, кој може да му се случи на секого, а тоа значи враќање на сите изгубени килограми. Што се однесува до несаканите ефекти, на самиот почеток на диетата, драстичното намалување на јаглехидратите може да доведе до главоболки, вртоглавица, слабост или запек.

Со оглед на тоа што има намирници кои не треба да се конзумираат во Аткинсовата диета, внесот на богато хранливи намирници е ограничен, па може да дојде до намален внес на витамини и минерали во организмот. Докажано е и дека оваа диета може да биде штетна за бубрезите, но и за здравјето на срцето.

Исто така, оваа диета не треба да ја започнуваат луѓе кои земаат лекови за дијабетес, луѓе кои имаат проблеми со бубрезите и бремени жени и доилки.

Тагови
реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Фит

Пет „совети“ за диети и слабеење во кои не треба да верувате

Read more

Зошто треба да можете да направите барем десет склекови?

Read more

Знаци што откриваат дека некој е на стероиди

Read more

Не мора да јадете помалку јаглехидрати за да слабеете

Read more
 

Магазин

Кој збор ја одбележа 2021 според речникот Merriam-Webster?

Читај повеќе

Знаци кои укажуваат дека имате висок холестерол

Читај повеќе

Ако сакате долг живот, појадувајте рано наутро

Читај повеќе

Рецепт на денот: Штрудла со ореви

Читај повеќе

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Читај повеќе

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Читај повеќе

Дали бебињата плачат во утробата на мајката?

Читај повеќе

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Читај повеќе