Што е бишт, наметката која Меси ја доби пред пехарот

Нема кој не забележа само момент пред Меси да го добие златниот пехар на ФИФА дека емирот на Катар на рамената му стави проѕирна црна наметка, па сите останаа со прашањето што е таа наметка и зошто Меси ја доби.

Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани, на рамената на Лионел Меси синоќа стави црна наметка која потоа Аргентинецот малку се помачи да ја облече не можејќи да ги најде отворите за рацете. Беше изненаден од потегот, а се чини и малку засрамен, но потоа се насмевна. Тоа се случи во моментот кога Меси застана помеѓу него и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да го прими златниот пехар за штотуку освоеното Светско првенство.

Станува збор за бишт (بِشْت), една од најпрестижните арапски наметки која претставува благосостојба и благородништвото, истакнувајќи го општествениот статус на оној што ја носи, истовремено предизвикувајќи почит од останатите. Ја носат само владетели, племенски водачи и водечки лица за време на важни церемонии.

Биштот е типичен за Артапскиот Полуостров, особено каде што владејат емири. Најчесто е црн, може да има и друга боја, како на пример кафена, сива, беж или бела. Се носи над бела облека, како што се гледа кај Ал-Тани, емирот кој му го даде биштот на Меси.

Примерокот што го доби Меси на ракавите има позлатена линија, што го симболизира триумфот во фудбалскиотг свет, а Меси го прави крал на фудбалот.

Сите шеици присутни на финалето во Доха носеа бишт. И не случајно. Не толку поради финалето, кое е важен настан, туку поради датумот 18 декември, што за Катар има посебно значење, а затоа и овој датум беше одбран за финалниот натпревар. Имено, на 18 декември Катар го слави својот државен празник. На овој ден во далечната 1878 година шеикот Џасим бин Мохамед Ал-Тани ја обединил земјата и така настанал денешен Катар.

Меси како го крева пехарот носејќи бишт е преседан во церемонијата на ФИФА, но снимките ќе станат историски и вечно втемелени во арапскиот свет.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Фудбал

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Read more

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Read more

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Read more

Ракитиќ ќе се пензионира

Read more
 

Спорт

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Читај повеќе

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Читај повеќе
  • play_arrow

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Читај повеќе

Ракитиќ ќе се пензионира

Читај повеќе

Дрес на Мајкл Џордан од 1993 година продаден за 2,6 милиони долари

Читај повеќе

Поради можна мајсторка: Интер и Наполи в петок ќе решаваат за Скудетото

Читај повеќе

Освоија титула, па се ослободија од 11 играчи

Читај повеќе

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Читај повеќе