Што е брутализам и зошто повторно станува популарен?

Кој и да е првиот кој кажал дека трендовите секогаш се враќаат во мода, бил во право кога се работи за модната индустрија, музиката и визуелната уметност. Во архитектурата не постои друг стил кој сведочи за ова повеќе од брутализмот.

Од средината на минатиот век овој стил постепено ја зголемуваше популарноста и го достигна врвот во 1970-тите. Но, за чудо, крајот на 70-тите беше и крај за брутализмот, кој тогаш беше опишуван како „пример за лош вкус“. Сега целиот тој наратив се менува и повторно се појавува интерес за овој некогаш исмеван архитектонски стил.

Брутализмот е познат по функционалната употреба на бетон и железо, модуларни елементи и утилитаристички изглед. Бруталистичката архитектура се применуваше воглавно за институционални градби, кои и ден денес се популарни поради графичкиот квалитет кој го поседуваат. Ваквиот стил се популаризираше по крајот на Втората светска војна и беше распространет низ целиот свет, но најмногу се применуваше во Велика Британија и источна Европа, каде понекогаш беше користен како обид да се креира национална социјалистичка архитектура.

Зборот Брутализам всушност не потекнува од зборот „брутално“ кој можеби асоцира на изгледот на овие градби, туку од називот на сировиот бетон од кој се произведуваат зградите -  béton brut.

Швајцарско-францускиот архитект Ле Корбусие имаше огромна љубов за бетонот и тоа беше преточено во градбата која многумина ја сметаат за зачеток на брутализмот. Таа се нарекува Unité d’Habitation и се наоѓа во Марсеј. Оваа зграда беше првиот проект на Ле Корбусие по 10 години, бидејќи Втората светска војна ја прекина неговата работа. Unité d’Habitation беше завршена во 1952 година и оттука почна да се применува брутализамот како нов и иновативен архитектонски правец.

Почетокот на 1980-тите беше одличен период за музиката, филмот и книжевната уметност, но донесе крај за брутализмот, кој во овој период беше осудуван како последен обид за задржување на тоталитаризмот во општеството – што поради масовните градби, што поради ладниот и сиров изглед на архитектурата.

Низ минатите пет години во светот, а посебно во Македонија, може да се забележи огромна љубов за враќање на брутализмот. Балканот одржува во живот голем број градби од овој архитектонски правец а дел од нив станаа и светски познати преку неколкуте изложби кои се одржаа низ популарните музеи. Централната пошта во Скопје и студентскиот дом „Гоце Делчев“ се само дел од најпопуларните бруталистички градби во Македонија, а низ нашата земја можат да се видат уште неколку фини примери од овој период на архитектурата.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе