Што е мизофонија - ментално нарушување на модерното доба

Луѓето коишто страдаат од мизофонија може да ги изнервира некој сосема вообичаен звук, како што е кашлица, звукот на џвакање, пеење, пишување на тастатура, па дури и на сопственото дишење, кај нив создава чувство кое е поинтензивно од едноставна непријатност.

Звуците коишто повеќето луѓе не ги забележуваат, луѓето со мизофонија не можат да ги поднесат.

Станува збор за многу ретко ментално нарушување. Првите симптоми се јавуваат во детството, а со годините оваа состојба се влошува.

Научниците велат дека луѓето со ова нарушување ги вознемируваат звуците од нивните најблиски луѓе, членови на семејството или пријателите. Тогаш се најмногу агресивни.

Некои луѓе земаат таблети, но не постои лек за оваа болест.

Во многу тешки случаи, тие се изолираат за да не ги слушаат сите звуци коишто им пречат, а тоа води кон депресија, пишува mentalfloss.com.

„Се работи за ментално нарушување на модерното доба. Разговаравме со 42 луѓе кои имаат слични симптоми и тие ни открија дека избегнуваат социјализација, времето го поминуваат со слушалки во ушите и сакаат да бидат сами бидејќи присуството со најблиските луѓе им предизвикува стрес. Тие не сакаат да бидат агресивни, но тоа е посилно од нив“, објаснуваат истражувачите од Амстердам.

Ова нарушување може да биде симптом за OCD или анксиозност. Оние коишто страдаат од мизофонија имаат чести периоди кога се во депресија или се анксиозни. Во студијата која опфати 500 студенти, 20 отсто од учесниците заклучиле дека имаат симптоми на мизофонија. Повторно е потврдено дека овие симптоми се слични со анксиозност, OCD и депресија.

реклама

Зошто коронавирусот е толку опасен за човечкиот организам?

Read more

Осум знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот

Read more

Германија затвора сè, освен градинките и училиштата

Read more

Храна која е богата со витамин Д

Read more

Здравје

Осум знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот

Read more

Зошто коронавирусот е толку опасен за човечкиот организам?

Read more

Загадувањето на воздухот ја зголемува смртноста од КОВИД за 15 проценти

Read more

КОВИД симптоми кои ги зголемуваат шансите за хоспитализација

Read more

Магазин

  • play_arrow

Опасна мисија во Чернобил: Како Spot се снајде при услови на радијација?

Читај повеќе
  • filter

Не англиско, најголемиот број Американци имаат ирско потекло

Читај повеќе
  • play_arrow

Вистински чувар: Питбул трениран да заштитува деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Пробајте го најдобриот и најлесниот рецепт за пилешки крилца

Читај повеќе

Во кој период од животот сексот е најдобар?

Читај повеќе

Пет заблуди за неверството

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вежби за затегнати стомачни мускули со тегови

Читај повеќе
  • play_arrow

Осум знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот

Читај повеќе