Што е најлошото што може да ви се случи на интервју за работа?

Малку работи на светот причинуваат повеќе стрес од интервју за работа. Дури и ако сте совршено квалификувани за работата, постои нешто што можеби случајно ќе го кажете за да си ги уништите шансите за работното место.

Сепак, истражувањата велат дека од сите работи кои влијаат на добивањето на работата, најмногу штетно може да се покаже нешто што се случува уште пред да дојдете на интервјуто.

Според Simply Hired, 93% од работодавците кои учествуваат во истражувањето велат дека доцнењето на интервјуто за работа е најголем доказ дека таа личност не ја заслужува работата.

„Во коренот на состанокот за интервју за работа е тоа дека тој се одржува како договор помеѓу мене и потенцијалниот работник. Ако таа личност не е во состојба да го испочитува првиот договор помеѓу нас двајца, веројатно нема да може да ме импресионира во понатамошниот тек од заедничката работа“, вели Вилијам Вандерблумен, основач и директор на Wanderbloemen Group.

Постојат начини на кои лицето кое треба да биде интервјуирано може да се извади од ваква ситуација, како на пример, ако се јави однапред да каже дека ќе доцни или нема да се појави. На крајот на краиштата, сообраќајниот метеж и временските услови не се нешто кое зависи од моќта на еден човек.

Благодарение на Simply Hired, во листата подолу можете да ги видите работите кои најмногу ги нервираат работодавците кај лицето кое го интервјуираат, што пак резултира во намалени шанси за добивање на работата:

  1. Доцнење на интервјуто за работа – 93%
  2. Жалење од било што, негативно расположение – 92%
  3. Доаѓање недоволно подготвен – 89%
  4. Критикување на поранешниот работодавец – 88%
  5. Критикување на поранешното работно место – 87%
  6. Печатни и граматички грешки во CV или мотивационо писмо – 86%
  7. Користење на несоодветен речник за време на интервјуто – 84%
  8. Имање на превисоки барања за плата – 84%
  9. Недоволни квалификации за работното место – 80%
  10. Неточно одговарање на поставените прашања – 77%
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе